Агаси: Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси изјави дека никој не е подобар од Новак Ѓоковиќ кога е во најдобра форма и дека тој верува дека ќе го надмине Роџер Федерер по бројот на Гренд-слем титули.

Поранешниот тренер на српскиот ас изјави за „Тајмс оф Индија“ дека Новак, кој моментално има 15 титули од „големата четворка“, може да ги надмине 20-те на Федерер.

– Кој е најдобриот досега? Бројките не можат да бидат единствениот критериум. Меѓутоа, ако ме прашате, кој го игра најдобриот тенис, а не кој е најголем, високи стандарди постави Новак кога беше на врвот. Сите целат кон ова ниво, рече Агаси, цитиран од Танјуг.

Агаси предвиде дека Ѓоковиќ наскоро ќе биде рекордер по бројот на освоени Гренд-слем титули.

– Јас сум од Лас Вегас, морам да се обложам … За две или три години, Новак ќе го надмине Федерер, ако сака, додаде тој.

Американецот не жали што соработката со Ѓоковиќ не траеше подолг период. Тие соработуваа помеѓу мај 2017 и март 2018 година.

– Мачниот процес помина, верував дека можам да му помогнам. Чувствувам дека го направив тоа, дека го затресов неговиот „кафез“ за да профитира тенисот, заклучи Агаси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...