Парондо по поразот: Цар беше несовладлив во второто полувреме

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот пораз од Нексе во СЕХА лигата, изјави дека тимот одиграл добро и тој е помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите.



Шпанецот посебно ја истакна улогата на голманот на домаќините, Морено Цар, кој во второто полувреме беше несовладлив, а на крајот заврши со 16 одбранети удари.

– Честитки за Нексе за победата. Одиграа одличен меч, посебно во вториот дел. Честитки и за голманот Цар, кој не можевме да го совладаме во второто полувреме. Ние одигравме добар меч, јас сум, помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите. За нас најважно е да ја завршиме оваа групна фаза од СЕХА лигата, имаме уште еден меч во вторник и потоа Ф4 во регионалната лига и осминафинале во ЛШ. Благодарам до играчите кои одиграа многу натпревари во последниве денови, тие играат добро и работат многу, изјави Парондо по мечот.

Вардар во последното коло од СЕХА-лигата ќе гостува кај Извиѓач во БиХ утре од 17, 15 часот.

Македонскиот тим веќе обезбеди учество на „Ф4“ турнирот во регионалната лига, каде се уште ППД Загреб, Мешков Брест и Нексе. Паровите ќе се утврдат по последното коло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...