Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Тимот на ЖРК Вардар ќе биде предводен од две дами во новата сезона во женската супер лига. Тренер на екипата ќе биде Драгана Ристова, а нејзин асистент ќе биде Билјана Црвенковска.



Ристова е поранешна ракометарка на Вардар која тука ја заврши играчката кариера по што се посвети на работа со младинските категории. Во кариерата таа има настапувано за екипите на Скопје, Кометал ЃП, Еуростандард ЃП, Будуќност и Металург. Со екипата на Будуќност во сезоната 2009/2010 го освои КПК.

Лани Ристова исто така беше дел од стручниот штаб на Вардар, но мораше да замине бидејќи доби принова во семејството. Сега се враќа но како прв тренер.

Со репрезентацијата на Македонија има настапувано на младински и сениорски ЕП и СП. Има одиграно повеќе од 80 натпревари и постигнато повеќе од 150 гола.

Нејзината соработничка Билјана Црвенковска, лани беше дел од сениорскиот тим на Вардар и соработуваше со Роберто Парондо, стигнувајќи до три трофеи, во СЕХА лигата, ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство.

Црвенковска, исто така, е поранешна репрезентативка на Македонија со интернационално искуство која играчката кариера ја заврши во Вардар, а потоа остана како дел од клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...