Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на тревата

Седумкратната шампионка на „Вимблдон“, Серена Вилијамс беше казнета од организаторите на најстариот и најпрестижниот Гренд-слем турнир. Поранешната број 1 во светот беше санкционирана со 10.000 долари за нанесена штета на тревната покривка на еден од терените.



На 30 јуни, ден пред официјалниот старт на турнирот, за време на еден од тренинзите пред почетокот на турнирот, Серена се налути поради свое неправилно одигрување и го удри силно рекетот во земјата. Оваа акција резултираше со оштетување на тревата која, беше обновена до почетокот на натпреварите.

Проблемот е што ова е повторување. Снимките покажуваат дека тенисерката сторила нешто слично на теренот број 15 два дена претходно.

Двајца други тенисери добија парични казни во Лондон. Фабио Фоњини беше казнет со 3.000 долари, откако изрази бурно гнев во дуелот против Тенис Сандгрен од третиот круг и посака во комплексот „да експлодира бомба“.

– Дали е чесно да се игра овде? Проклети Англичани, навистина. Се надевам дека во овој клуб ќе експлодира бомба, рече тој во петтиот гејм од вториот сет, а микрофоните ги фатија неговите зборови.

Скандалозниот Австралиец, Ник Кириос пак, беше казнет со вкупно 8.000 долари за различни неспортски манифестации за време на натпреварите од првиот и вториот круг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...