Мареј подготвен да игра во сингл најрано по девет месеци

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј (Велика Британија) очекува да биде подготвен да игра во сингл повторно за девет месеци најрано. 32-годишниот Шкот претрпе операција на колкот во јануари, но потребно е долго време да се обноват мускулните влакна и силата на ногата.



Мареј минатиот месец се врати на теренот и заедно со Шпанецот Фелицијано Лопез го освои турнирот во „Квинс“ во Лондон. Тој се вклучи во шемата во двојки и на „Вимблдон“, но отпадна во вториот круг во тандем со Пјер-Југ Ербер (Франција) кај машките парови и во третиот круг на мешани двојки со Серена Вилијамс (САД).

– За време на операцијата се добиле сериозни деформации на мускулните влакна и ќе треба многу време и напорна физичка работа, за да се обновам целосно. Силата во нозете нема да се врати за 3-4 месеци, поскоро ќе трае меѓу 9 и 12 месеци. Сигурно, моите мускули треба повторно да стигнат до одредено ниво за да можам повторно да играм во сингл. Во спротивно, ако неопходната силата ја нема, може повторно да дојде до повреда, изјави Мареј за Би-Би-Си.

Трикратниот Гренд слем шампион ќе помине низ специјална кондициска програма во следните 4-6 недели.

– Среќен сум што не чувствувам болки и сакам да ја вратам нормалната состојба на колкот. Кога силата во него ќесе врати, ќе можам повторно да се натпреварувам, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...