Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

Скопје, 23 септември 2019 (МИА) – Ракометарите на Вардар по вчерашниот тежок натпревар во Лигата на шампионите против Порто, веќе утре се среќаваат со Нексе, овојпат во СЕХА лигата.

Капитенот на Вардар, Тимур Дибиров побара од своите соиграчи најсерозно да му пристапат на утрешниот дуел со Нексе.

– Нексе е незгодна екипа и не треба да не залажуваат нивните два пораза на стартот, бидејќи им недостасуваа многу важни играчи. Сигурно ќе ја подобрат играта. Со нив секогаш сме играле тесни натпревари. Пропагираат свој ракомет. Нексе доаѓаат во Скопје многу мотивирани и сигурно нема да ни биде лесно, иако ние сме фаворити, рече Дибиров на денешната прес-конференција.

Тренерот Давид Писонеро кажа дека шанса да настапат ќе добијат повеќе играчи.

– За нас победата е секогаш најважна и тоа ќе биде приоритет и на средбата со Нексе. По вчерашниот исцрпувачки меч од Лигата на шампионите со Порто, планирам против Нексе шанса да добијат повеќе играчи, пред се помладите. Тие на вакви натпревари треба да добиваат поголема минутажа. Сакам да ги испробам и сите пивоти. Секако, овие варијанти ќе зависат и од резултатот и од тоа како се одвива натпреварот. Како и да е, поентата е да играат што повеќе играчи со оглед на тоа што сезоната е долга и со густ распоред, нагласи Писонеро.

Натпреварот Вардар – Нексе од 3.коло во СЕХА лигата е закажан за утревечер со почеток во 20 часот и 45 минути. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...