Кокшаров: Моето назначување за тренер на Вардар беше неопходна мерка

Селекторот на руската ракометна репрезентација Едуард Кокшаров, кој доаѓа на тренерското место во Вардар заменувајќи го Давид Писонеро, за руските медиуми изјави дека неопходна била промена во стручниот штаб на европскиот шампион.



– Одлуката ја донесе претседателот на клубот Сергеј Самсоненко по натпреварот во Лигата на шампионите против Кил. Јас разбирам дека ништо не може да се смени драматично за толку кратко време. Неопходно е да се зачува она што е, да не се скрши ништо и да се работи на нијанси. Моето назначување е неопходна мерка. Јас ќе го водам Вардар, сè додека клубот не собере нов тренер, односно во наредните неколку месеци, евентуално до крајот на сезоната, изјави Кокшаров.

Русинот и понатаму ќе ја води функцијата спортскиот директор на клубот.

– Знам дека поголем товар ќе падне врз мене, но ова мора да се прифати и работи – нема друг начин, додаде новиот предводник на „црвено-црните“.

Вардар во следното коло од Лигата на шампионите ќе гостува во Унгарија кај Веспрем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...