Откажан АТП турнирот во Вашингтон

Вашингтон, 21 јули 2020 (МИА) – Првиот турнир во календарот АТП закажан за средината на август и за продолжување на сезоната, Сити Опен во Вашингтон, е откажан поради проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус, велат организаторите.

Деновиве се појави страв дека може да се случи вакво нешто, некои медиуми објавија можност за откажување и се чини дека организаторите сè уште не биле во можност да ги надминат бројните и реални пречки.

Затоа сопственикот и директорот на турнирот, Марк Ејн, одлучи дека е најдобро за сите да не го одржат турнирот, кој требаше да започне на 14 август.

– Има премногу работи што не успеавме да ги решиме одвнатре, вклучувајќи ги и меѓународните ограничувања за патувања, се појавија одредени безбедносни процедури и сето ова нè принуди да ја донесеме оваа одлука, која е коректна кога станува збор за играчите, нашите партнери и добавувачи. Ниту еден од нив не треба да има неизвесност во однос на планирањето. Здравјето и безбедноста мора да бидат приоритет број еден овие денови, рече Ејн во изјавата.

Несомнено е дека ваквата одлука на организаторите на Сити опен, турнир во категорија АТП 500, негативно ќе влијае на одржувањето на УС Опен, што е предвидено да се одржи од 31 август до 13 септември.

Според моменталната состојба, продолжението на сезоната е преместено за 22 август и Мастерсот во Синсинати, кој ќе се одржи на терените во Њујорк, каде потоа ќе се одржи УС Опен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...