Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска

Македонската ракометна репрезентација на селекторското деби на капитенот Кирил Лазаров во блескаво издание триумфираше над неодамна крунисаниот светски првак Данска со 33:29 (17:13) во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Со сигурен напад во првиот дел и цврста одбрана предводена од одличниот Никола Митревски со девет одбрани, македонските ракометари ја лимитираа Данска на само 13 голови во првите 30 минути обезбедувајќи предност на полувреме од четири голови разлика.

Македонскиот состав со повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски продолжи во ист стил во вториот дел и со серија од 4:0 стигна до највисоки плус осум, 25:17, во 45-та минута.

Данска, која допатува во Скопје непосредно пред натпреварот, врати со три голови во серија, но Лазаров и соиграчите рутински го приведоа мечот до самиот крај за прва победа во меѓусебните дуели против актуелниот светски и олимписки првак.

Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски беа најефикасни во „црвено-жолтиот“ дрес со по пет голови, а Митревски запиша 13 одбрани на голот.

Реванш натпреварот меѓу двете репрезентации ќе се игра в недела, од 16 часот., во Алборг.

Претходно денеска во рамки на квалификациската група 7, Швајцарија ги запиша првите бодови, триумфирајќи како гостин над Финска со 32:19.

По три одиграни кола, македонската репрезентација е првопласирана во групата со максимални шест бодови, пред Данска со 4, Швајцарија 2 и Финска без бодови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...