Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Агенцијата за млади и спорт денес организираше прием за македонските ракометни кадетки, кои го освоија првото место на Европскиот шампионат во Клаипеда, Литванија.



– Голема чест ми претставува фактот дека мојот прв селектор е денес кај нас заедно со ракометарките кои го направија овој огромен успех за македонскиот ракомет, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека ова остварување дава сигнал дека македонскиот ракомет има светла иднина, и дека овие девојки ќе имаат можност да докажат дека сме ракометна нација.

На приемот свое излагање имаше и селекторот Љубомир Савески кој се заблагодари за укажаната можност да го искаже задоволството од беспрекорната игра на кадетките.

– Способноста да се вратат од негатива од пет и повеќе голови, особено во натпревар со една велесила како што е Шпанија е показател за величината на оваа генерација, како на физички, така и на ментален план, изјави Савески.

Свои импресии од шампионатот ги искажаа и двете претставнички од репрезентацијата Ива Младеновска и Бојана Коцева. Тие се задоволни од пласманот, како и од условите кои федерацијата ги обезбеди како за време на подготвителниот период, така и за време на шампионатот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...