Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, ја нарече „срамна“ одлуката на раководството на СЕХА лигата да го исфрли актуелниот македонски ракометен првак од завршниот фајналфор турнир во регионалното натпреварување поради еден позитивен случај на коронавирус во редовите на „црвено – црните“.

– Каква срамота. Тие велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи, кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија ниту такво нешто, изјави Вујовиќ.

Претходно оваа недела, Вардар избори рекордно десетто учество на завршниот турнир во десеттото издание на СЕХА лигата, елиминирајќи го хрватскиот првак ППД Загреб во четвртфиналето.

Противник на Вардар во полуфиналето требаше да биде белорускиот шампион Мешков Брест, на 3 септември во Задар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...