Спорт / Останати спортови
Четири меча казна за Вујовиќ и за Начевски
 Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, и судијата Ѓорѓи Начевски, главните актери во саботниот инцидент во "Кале", добија идентична казна од Комисијата за спроведување натпревари на РФМ и нема да можат да ги вршат своите функции на наредните четири натпревари.
Делегатот на средбата Вардар-Металург, Стево Коруновски, кој, истовремено, е член на Комисијата, доби суспензија од еден натпревар, исто како и контролорот Миле Најденовски и мерачот на време Томче Филиповски.
Петчлената комисија ја отфрли жалбата на Вардар дека во финишот на мечот имало материјална повреда на правилата, кога времето не беше вратено за 15-ина секунди и го регистрираше со постигнатиот резултат 26:26. Казнетите имаат право на жалба.
|