
|
 |
Спорт / Останати спортови
ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОРАЗ НА ШПАНСКИОТ "ЦАР НА ЗЕМЈА" Фереро го шокираше Надал
Рафаел Надал загуби на земја само вторпат во 105 меча откако Хуан Карлос Фереро го совлада со 7:5/6:1 во второто коло на Мастерсот во Рим. Второрангираниот Надал, кој е трикратен актуелен шампион во Рим и досега немаше загубено на Форо Италико изгледаше посебно ранливо во вториот сет. 23-рангираниот Фереро е поранешен светски број 1 и го освои турнирот во Рим во 2001.
Треторангираниот Новак Ѓоковиќ не покажа знаци на болест совладувајќи го Белгиецот Стив Дарсис со 6:4/6:0 во првиот натпревар на Мастерсот во Рим. На неодамнешниот Мастерс во Монте Карло, Србинот се повлече од полуфиналниот меч против Рожер Федерер додека губеше со 6:3/3:2, а тестовите покажаа вирус на грлото.
"Завршив со лековите вчера и сега се надевам дека ќе бидам подобар. Се чувствувам добро и задоволен сум од мојата игра. Првиот меч секогаш е тежок, но се чувствувам како дома во Италија. Сакам да играм тука. Австралискиот опен ми го промени животот и сега сакам да бидам број 1 на светот", изјави Ѓоковиќ на течен италијански јазик.
Американскиот шести носител, Џејмс Блејк го совлада Италијанецот Андреас Сепи со 7:6(5)/3:6/6:1 пред гласна и страсна публика.
"Многу пати Американците имаат проблеми на земјена подлога, но како станувам постар, така повеќе учам и мојата игра на земја станува подобра", вели Блејк.
Четвртиот носител Николај Давиденко со 6:2/6:2 го совлада Хрватот Марио Анчиќ, додека минатогодишниот финалист Фернандо Гонзалез со 6:3/6:2 го совлада рускиот квалификант Евгениј Королев, но двајца фаворити испаднаа.
По финалето во Барселона, петтиот носител Давид Ферер со 4:6/6:2/6:1 загуби од Чехот Радек Штепанек, додека седмиот носител Давид Налбандиан загуби од шпанскиот специјалист за игра на земја, Николас Алмагро со 6:4/7:5. Налбандиан спаси седум меч топки пред конечно да загуби. Тој загуби во финалето во Рим во 2004 од Карлос Моја, а во 2006 загуби во полуфиналето од Рожер Федерер.
ИВАНОВИЌ И АНЕН СИГУРНИ
На светската тенисерка број 1, Жастин Анен, & беа потребни само 58 минути со 6:0/6:2 да ја прегази Чен Јунг-Џан од Тајван и да се пласира во третото коло на Германскиот опен во Берлин. Играјќи првпат на земја, нејзината омилена подлога, оваа година, Анен не & даде никакви шанси на Чен, губејќи само два гема во целиот меч.
Актуелната шампионка, Србинката Ана Ивановиќ имаше малку повеќе проблеми во првиот меч на турнирот, пред со 7:6/6:2 да ја совлада Узбекистанката Акгул Аманмурадова. На Ивановиќ, која е втора носителка зад Анен, & беше потребно време да се адаптира на земјата на Штеф Граф стадионот и, конечно, се "собра" во тај-брејкот, кој го освои со 7:0. Потоа таа ја комплетираше победата за 90 минути.
"Лани победата тука ми даде нова сила, така што сум задоволна што почнувам со победа", вели Ивановиќ.
Нејзината српска сонародничка Јелена Јанковиќ исто така имаше проблеми во првиот сет, пред со 7:5/6:0 да ја совлада Кинеската Пенг Шуаи.
РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО):
ИНТЕРНАЦИОНАЛИ БНЛ Д'ИТАЛИЈА - РИМ, 2.270.000Е
Фереро - (2) Надал 7:5/6:1
(3) Ѓоковиќ - Дарсис 6:4/6:0
(4) Давиденко - Анчиќ 6:2/6:2
Штепанек - (5) Ферер 4:6/6:2/6:1
Алмагро - (7) Налбандиан 6:4/7:5
(8) Блејк - Сепи 7:6(7:5)/3:6/6:1
(12) Ф.Гонзалез - Королев 6:3/6:2
Андреев - (13) Монако 4:6/6:1/6:4
(14) Робредо - Махут 7:5/7:6(7:5)
Болели -Симон 6:4/6:4
Вердаско - Лапенти 6:2/5:7/6:2
Хорна - Акасусо 6:3/7:6(7:1)
КАТАР ТЕЛЕКОМ ГЕРМАНСКИ ОПЕН - БЕРЛИН, 1.340.000$
(1) Анен - Чен 6:0/6:2
(2) Ивановиќ - Аманмурадова 7:6(7:0)/6:2
(3) Кузнецова - Кастањо 6:3/6:2
(4) Јанковиќ - Пенг 7:5/6:0
Азаренка - (6) Чакветадзе 1:6/7:6(7:1)/6:4
(10) Шавај - Јан 6:1/6:1
(11) А.Радванска - Бахман 6:1/6:1
(13) Сафина - Канепи 6:4/6:3
(15) А.Бондаренко - Медина Гаригес 7:5/0:6/6:3
Кириленко - (16) Петрова 6:3/6:3
Душевина - Клејбанова 6:2/4:6/6:3
Бамер - Лисицки 6:3/1:6/7:6(7:5)
Дулко - Возниацки 6:2/7:5
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|