сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

ЕКС-СЕЛЕКТОРОТ НА СЕНИОРКИТЕ СО СООПШТЕНИЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО РАКОМЕТОТ
Борба против криминалот во спортот

Љупчо Савевски, кој од вторникот и официјално повеќе не е селектор на женската сениорска репрезентација, се огласи со соопштение до медиумите во кое ги образложува причините поради кои достави изјава до членовите на УО на РФМ.

"Со изјавата доставена до УО на РФМ не ми беше целта никого лично да го навредам ниту, пак, да барам во некого виновник, туку сите заедно да се обидеме да најдеме инструмент кој ќе ги обесхрабри негативците и истите по можност ќе ги спречи. Исто така изјавата има за цел да се спречи приватизација на РФМ бидејќи никој не може да се однесува со државниот тим како приватна сопственост, без разлика дали е спонзор, координатор, тренер, играч... Несериозниот и навредувачки однос кон институцијата селектор, како и недостиг на визија беше исто така повод за изјавата што му ја доставив на УО на РФМ.

Обложувањето не може да се спречи, ниту да се докаже бидејќи е така направено (нема име и презиме на тикетот). Но, ако еден врвен ракометар, ракометарка, тренер или функционер во репрезентацијата секојдневно се присутни во спортските обложувалници тие мора да се откажат од репрезентацијата бидејќи го нарушуваат угледот на македонскиот спортист, кој треба да биде пример на младите во изградба на најважното - македонскиот идентитет. На пример, ако брат, момче, жена, другар... се обложува на пораз на Македонија со десет и повеќе голови разлика (за да добие голема сума пари) се прашувам што треба да направиме!? Зарем ќе дозволиме во лудото обложување да бидат дел и спортисти, функционери или, пак, нивни блиски, или, пак, ќе направиме нешто да го заштитиме репрезентативниот дрес. Ниту еден член на репрезентацијата преку своите блиски не смее да се обложува против својата репрезентација, особено не смее да го прави тоа за време на некое големо натпреварување какво што беше ЕП во Шведска, или Светското првенство во Франција бидејќи со тоа ја валка репрезентацијата, државата, а најмногу навивачот кој живее за него.

Зарем е важно кои сe тие!? Тоа ниту е, ниту беше цел на изјавата. Напротив, сакав да го мотивирам УО на РФМ да се обиде да најде начин да ја заштити репрезентацијата од какви било злоупотреби бидејќи се наоѓаме на прагот на Европското првенство на кое ние сме домаќини.

Но, кој сака да знае кои се може да ги сретне секојдневно во спортските обложувалници, лично или преку нивните блиски. Среќна околност е што поголем дел од сите тие се морални и чесни спортисти и не верувам дека воопшто и помислиле да се обложуваат против репрезентацијата, а не, пак, да го сториле тоа.

Во петте месеци колку што бев селектор дел од работата ми беше и да разговарам со нив за проблеми што им пречат во спортската кариера. Низ тие разговори увидов дека ракометарките имаат потреба од СОС телефон, кој би имал функција исклучиво за нивна заштита. Немам цел да се занимавам со приватноста на ракометарките и на другите учесници во ракометот, туку заедно со институциите на државата да се обидеме да ги обесхрабриме и со евентуален доказ заслужено да ги казниме сите оние кои имаат задни намери кои се косат со моралот.

Следен чекор ќе биде да се посветам кон искоренување на овие негативни појави. Секако дека не можам сам да излезам на крај со нив. Всушност и мојата изјава дадена до УО на РФМ беше само барање поддршка (од луѓе кои ги сметам за чесни и морални) на патот до спортскиот прогрес. Секако дека главна улога ќе одиграат институциите на системот, кои без да се вклучат директно во овој проблем, нема да има решение. По изјавата што ја доставив до УО на РФМ, а која беше објавена и во дел од медиумите, многу луѓе ми приоѓаат и ми даваат поддршка. Тоа ме мотивира да формирам Здружение на граѓани, кое поддржано од Агенцијата за млади и спорт, МВР, како и други владини институции, ќе води борба против криминалот и криминогените појави во спортот", се вели во соопштението на Савевски.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи