сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Спорт / Останати спортови

МАШКАТА КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ГО ИГРА ПРВИОТ ДУЕЛ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП ПРОТИВ РУСИЈА
По изненадување на стартот

Со почеток во 16 часот по македонско време, денеска, во Звенигород кадетската репрезентација на Македонија ќе ги почне квалификациските средби од 5. група. Противник е селекцијата на домаќинот Русија, која според сите информации е шансата за нас да успееме да стигнеме до првите две места кои водат на ЕП во Чешка.

Минатите ден и пол беа искористени за аклиматизација и запознавање со условите кои ги нуди ова место кое се наоѓа на 40 километри од Москва. Вчера беше одржан и тренинг, а веќе денеска се очекува првиот меч кога ќе треба да се покаже колку може оваа селекција која пред заминувањето за Русија одржа само два тренинга.

На сите им е јасно дека Русите ќе бидат фаворизирани пред сe поради тоа што се домаќини на овие квалификации. Јасно е дека ќе ја имаат и наклонетоста на судиите, посебно на оваа прва средба кога секој за секого нуди голема непозната. Се работи за ракометари родени 1990 година и помали, па токму тоа и нуди голема неизвесност за секој селектор и изненадувањата се можни на овој натпревар.

"Русите се во предност пред одигрувањето на денешниот натпревар. Тие се домаќини на овие квалификации, па тоа е голем плус за нив. Покрај тоа уште од јануари играат заедно и имаат дури 15 натпревари против силни противници. За разлика од нив ние имаме само два тренинга. Сепак, се надевам дека тоа можеме да го надоместиме, со голема борбеност и голема мотивација. Се надевам и дека ќе биде сe в ред околу судењето и момците нема да ги фати почетничка трема бидејќи за повеќето од нив ова е прво искуство од ваков тип", вели тренерот на репрезентацијата, Александар Петровски.

Што се однесува до групата, сите сметаат дека Германците се во предност.

"Главен фаворит за првото место овде е Германија. Имаат добра селекција и континуитет, па очекувам токму тие да стигнат до првото место. За второто останува да се обидеме да се избориме, а нашата единствена шанса е денешниот меч со Русија. Ако успееме да изненадиме можеме да се надеваме на добар резултат бидејќи шансите се на стартот. Потоа ќе биде многу потешко бидејќи секој ќе може да ја види играта на противникот", заврши Петровски.

Денешната програма стартува во 14 часот (локално време 16), а први на терен се Германија и Литванија. Македонија го почнува својот натпревар од два часа подоцна.

Македонија ден пред другите

На овие квалификации селекцијата на Македонија пристигна ден пред другите репрезентации, а засега незадоволство има само од храната.

"Имавме типичен руски пречек и очекувавме дека ќе биде вака бидејќи се игра во помало место, а не во некои познати руски центри. Веројатно ваквиот пречек се должи и на тоа што дојдовме ден порано од другите репрезентации. Сепак, тоа може да се помине, но не може храната, која засега е главен проблем и не соодветствува со потребите", вели Петровски.

Инаку, репрезентацијата е сместена во хотел кој порано бил интернат на Академијата на науки, а целата атмосфера е како времето да застанало пред 40 години.

ГРУПА 5

ПЕТОК (9 МАЈ)

14:00 Германија - Литванија

16:00 Македонија - Русија

САБОТА (10 МАЈ)

14:00 Македонија - Германија

16:00 Литванија - Русија

НЕДЕЛА (11 МАЈ)

14:00 Македонија - Литванија

16:00 Русија - Германија

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА

1. Стефан Кимевски (Куманово)

2. Нино Ѓуровски (Металург)

3. Владимир Спировски (Младост)

4. Драгољуб Бенко (Металург)

5. Никола Маркоски (Вардар Про)

6. Тодор Јанкуловски (Струга И.)

7. Жарко Пешевски (Металург)

8. Виктор Петковски (Металург)

9. Ивица Лазаревски (Борец)

10. Петар Јовановски (Струга И.)

11. Ненад Смоковски (Металург)

12. Дарко Георгиевски (МРК Вардар)

13. Миле Ордев (Вардар Про)

14. Мирослав Бошевски (Пелистер)

15. Антонио Пешевски (Металург)

Селектор: Пепи Манасков

Тренер: Александар Петровски


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи