сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ЌЕ ГО ОДИГРА ПРВИОТ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР
Исланд за враќање во игра

По пауза од седум години женската сениорска репрезентација се врати на европската сцена и денеска, во 16 часот, на домашен терен, во спортската сала Кале ќе ја пречека селекцијата на Исланд во рамките од претквалификацискиот двомеч за место во турнирските квалификации за Европското првенство следната година. Покрај сите превирања и негативности кои ја "тресеа" женската одбојка во завршницата на домашното првенство, репрезентативките кои ја сочинуваат селекцијата ги надминаа недоразбирањата и во одлична атмосфера го одработија подготвителниот период и ја темпираа формата за дуелите со Исланд. Сениорките со оптимизам и високи очекувања влегуваат и на денешниот натпревар надевајќи се дека ќе успеат да ја оправдаат улогата на фаворит која ја имаат, но воедно ќе бидат и особено внимателни бидејќи немаат доволно информации за квалитетот на противникот со кој се среќаваат.

"Одиме на победа и нашите очекувања се високи. Оптимизмот го градиме врз база на информациите кои ги имаме за исландската репрезентација. Мислам дека располагаме со квалитет и девојките ќе имаат шанса тоа да го покажат на овие натпревари. Секако дека ќе бидеме внимателни и тактиката ќе ја формираме во текот на натпреварот, откако ќе видиме со каков противник се среќаваме", изјави селекторот на женската сениорска репрезентација, Зоран Чадиев.

За капитен на репрезентацијата избрана е Андријана Зафировска, една од најискусните играчи во редовите на селекцијата, која може одлично да ја води екипата на теренот.

"По паузата од седум години сите сме посебно мотивирани и сакаме да победиме со што ќе докажеме дека без причина женската одбојка беше ставена во втор план сиот овој период. Атмосферата меѓу стручниот штаб и играчите, репрезентативките меѓу себе е одлична, позитивна и сите се надеваме дека квалитетот кој го поседуваме ќе го покажеме на теренот и со тоа ќе дојдеме до позитивен резултат кој ќе ни овозможи да ги продолжиме квалификациите", вели капитенот на женската селекција, Андријана Зафировска.

Нашите дами денеска имаат шанса да почнат со пишување на нова историја во македонската женска одбојка и доколку влезат без потценување на противникот и со силна желба за триумф на првиот претквалификациски натпревар со успех ќе го почнат овој евро циклус.

МАКЕДОНИЈА - ИСЛАНД

Денеска, 16:00ч.

Сала: Кале - Скопје

Судии: Д. Франолиќ и М. Рајковиќ од Хрватска.

Делегат: Т. Хаџи Бошков од Македонија.

МАКЕДОНИЈА:

1. АЛЕКСОВСКА САЊА

2. РУЖИНОВСКА ВЛАСТА

3. ПЕТРОВИЌ МАРИЈА

4. ИВАНОВА ПЕТРА

5. ЌУРЧИЕВА НИКОЛИНА

6. ЗАФИРОВСКА АНДРИЈАНА

7. ЃОШЕВА САНДРА

8. ТАСЕВА СТЕФАНИЈА

9. НИКОЛОВСКА САЊА

10. МАРОВСКА ЕЛЕНА

11. ИВАНОВСКА МАРИЈА

12. АЛЕКСОВСКА ТАЊА

селектор: ЧАДИЕВ ЗОРАН

ИСЛАНД:

1. ВИГФУСДОТИР ЈОНА

2. ВАЛГЕРСДОТИР ЕЛСА

3. СИГУРДАРДОТИР ФРИДА

4. ЕРИКСДОТИР ЕРЛА

5. ФОРХАЛСДОТИР КРИСТИН

6. СИГРМУНДСДОТИР ЛОФИ

7. ХАЛСДОТИР БИРНА

8. ГУНАРСДОТИР КАРЕН

9. ЈОНСДОТИР ЛИЛЈА

10. СКУЛАДОТИР СУН

11. СВАВАРСДОТИР ФИОЛА

12. ФОРАРИНСДОТИР ТЕОДОРА

селектор: АДАЛСТЕИНСОН МАГНУС

Исланѓанките доаѓаат со мешан состав

Поголемиот дел од репрезентативките кои ја сочинуваат селекцијата на Исланд се млади одбојкарки, а три од нив за првпат дебитераат на европската сцена. Но, покрај нив исландскиот селектор на располагање има и постари, поискусни играчи кои, најверојтно, ќе ја предводат екипата на двомечот со нашата репрезентација. Исто така во редовите на Исланд има и две интернационалки, Валгерсдотир, која настапува за данскиот тим Холте, како и Сигурдардотир, која игра во Америка.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи