сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

ЛОША ПОДГОТОВКА ЗА РОЛАН ГАРОС ЗА СВЕТСКАТА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин

Светската тенисерка број 1 Жастин Анен вели дека и недостасувало самодоверба по изненадувачкиот пораз од Русинката Динара Сафина на Германскиот Опен во Берлин во четвртокот. 25-годишната Белгијка се уште е фаворитка да ја освои својата петта круна од Францускиот Опен следниот месец, но нејзиниот неуспех во Берлин, каде што освои три титули не и помогна во подготовките.

"Овој турнир беше важен не само за Ролан Гарос. Важно беше да вратам малку самодоверба бидејќи тоа ми недостасува во моментов", вели Анен по поразот од 5:7/6:3/6:1.

Анен, која некарактеристично имаше седум двојни сервис грешки против Сафина, сега ќе игра во Рим следната недела.

"Не се работи за проблем со тенисот или физички проблем. Едноставно ми недостасуваше храброст да ги исполнам можностите. Би сакала да имам повеќе мечеви пред Ролан Гарос", вели Анен.

Со седум гренд слем круни зад себе, вклучувајќи две титули од УС Опен и една од Австралискиот Опен, Анен веќе најави дека планира да го скрати календарот во следните години. Сафина вели дека Анен ќе се врати посилна кога ќе има повеќе турнири зад себе.

"Кога имате се, понекогаш е тешко да се мотивирате. Станувате ментално уморни и ви треба пауза. Мислам дека поразов нема да влијае на играта на Жастин", вели Сафина.

ЃОКОВИЌ ЕДВАЈ, ФЕДЕРЕР ЛЕСНО

Новак Ѓоковиќ ја надмина просечната форма во четвртокот за да се пласира во 1/4 финалето на 3.5 милиони $ вредниот Мастерс турнир во Рим. Србинот се мачеше со жештината, но стигна до 6:3/3:6/6:3 победа над Русинот Игор Андреев.

Ѓоковиќ, кој се мачеше со инфекција на грлото последната недела издржа во маратонот од 2 часа и 42 минути за да стигне до своето трето Мастерс четвртфинале во четири обиди оваа сезона. Актуелниот шампион од Австралискиот Опен се повлече од полуфиналето во Монако минатата недела против Рожер Федерер.

Следен за него е Шпанецот Николас Алмагро, кој стигна до четвртфиналето кога 12. носител Фернандо Гонзалез се повлече поради повреда на десната нога. Гонзалез, кој минатата недела ја освои титулата во Минхен ја заработи повредата во првото коло против Јанко Типсаревиќ.

"Имам големи болки и не сакам да ризикувам. Морам да внимавам пред Ролан Гарос", вели Чилеанецот.

Светскиот рекет број 1, Рожер Федерер со 7:6/6:3 го совлада Хрватот Иво Карловиќ за дуел во четвртфиналето со Чехот Радек Штепанек. Стилот на тенис на Федерер се најде со тврдоглав отпор од Карловиќ. Хрватот со својот брутален сервис спаси четири брејк топки во осмиот гем и сет поенот во 12. гем, пред да го загуби тај-брејкот. Федерер потоа направи три брејк топки во вториот сет за да се пласира во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Штепанек, кој со 6:4/1:6/6:3 го совлада Луис Хорна.

РЕЗУЛТАТИ:

ИНТЕРНАЦИОНАЛИ БНЛ Д'ИТАЛИЈА - РИМ, 2.270.000Е

3.КОЛО

(1) Федерер - Карловиќ 7:6/6:3

(3) Ѓоковиќ - Андреев 6:3/3:6/6:3

(8) Блејк - Вердаско 5:7/7:5/6:2

Алмагро - (12) Ф.Гонзалез пред.

Штепанек - Хорна 6:4/1:6/6:3

КАТАР ТЕЛЕКОМ ГЕРМАНСКИ ОПЕН - БЕРЛИН, 1.340.000$

(13) Сафина - (1) Анен 5:7/6:3/6:1

(15) А.Бондаренко - (3) Кузнецова 1:6/6:2/6:2

(4) Јанковиќ - Кириленко 6:2/6:4

(5) С.Вилијамс - (11) А.Радванска 6:3/6:1

(7) Дементиева - Душевина 7:5/6:3

(10) Шавај - (8) Бартоли 7:5/7:5

Азаренка - Дулко 6:1/6:3


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи