
|
 |
Спорт / Останати спортови
СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ИМА ПРОБЛЕМИ СО ИМИЏОТ, ТВРДАТ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА Леб мора "да се потсреди"
Две важни имиња во моторспортот велат дека се загрижени за имиџот на четирикратниот светски шампион во рели Себастиен Леб. Суриндер Тати, претседателот на Конфедерацијата на Африкански земји во моторспортот и Мори Чендлер, претседателот на Рели ВРЦ комисијата го критикуваа Французинот за неговиот изглед.
И двајцата се членови на ФИА и своите мислења ги кажуваа преку електронска пошта. Во одговор на Тати, кој прв го повлече прашањето, Чендлер изјави дека официјалната Рели ВРЦ телевизија не треба да го снима Французинот од блиску.
"Ги гледав снимките од релито во Мексико и морам да посочам на лошиот изглед на Себастиен Леб. Тој беше неизбричен и неисчешлан, а тоа го гледаат милиони гледачи на кои им е херој. Знам дека треба да има лична слобода, но ова е предалеку и некој треба да зборува со него", прво вели Тати, по што Чендлер додава: "Да, го гледав истото, и проблемот го има и во другите спортови. Тоа е навреда за вистинските мажи и моето единствено решение е да не се покажуваат неговите снимки од блиску".
Не е потребен коментар.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|