
|
 |
Спорт / Останати спортови
АЛПСКИТЕ ХОКЕАРИ ПРВИ ВО А ГРУПАТА Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Швајцарија ги шокираше олимписките шампиони Шведска со 4:2 во последното коло од првата рунда на СП во Канада кое заврши со драма на и надвор од мразот. Со победата Швајцарците се први во А групата со 3-0 скор, додека Франција испаѓа во групата за опстанок, откако со 3:1 загубија од Белорусија.
Швајцарците поведоа по само 48 секунди со гол на Тјери Патерлини и од тогаш не губеа. Андерс Амбул, Тибо Моне и Беат Форстер постигнаа голови за Швајцарија, додека Фредрик Варг и Патрик Хорнквист постигнаа гол за Шведска.
"Денеска е голем ден за швајцарскиот хокеј. Мислам дека конечно можеме да кажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите", вели швајцарскиот тренер Ралф Кругер.
Во групата Ц Финска го освои првото место откако со 3:2 ги совладаа Словаците, додека Германија по одличните резултати доживеа изненадувачки пораз од 3:2 од Норвешка. Сепак, норвешката победа беше најлоша за светските шампиони од 2002, Словачка кои ја завршија првата фаза без победа и сега ќе се борат за опстанок во светската група.
Петтиот ден од шампионатот беше добар за Германија и покрај поразот, откако на Флоријан Буш му беше дозволено да се натпреварува и покрај пропуштениот допинг-тест. Но, неговиот колега Џејсон Холанд, кој играше за Канада на Јуниорското СП во 1996, не доби дозвола да се натпреварува бидејќи игра за Германија само три години.
РЕЗУЛТАТИ:
ГРУПА А
Шведска - Швајцарија 2:4
Франција - Белорусија 1:3
ГРУПА Ц
Финска - Словачка 3:2
Норвешка - Германија 3:2
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|