сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Конечно се разигра и Луис

Во средбата која мораа да ја добијат за да останат во игра, Орландо конечно доби голема партија од својот најскап играч Рашард Луис. Неговите 33 поени во комбинација со новиот дабл-дабл на Двајт Хауард и повредата на Чонси Билапс беа доволни за убедлив триумф на "магичните" од 11-86 и намалување на предноста на Пистонси на 2-1.

Луис средбата ја заврши со личен плеј-оф рекорд, Хауард го следеше со 20 поени и 12 скокови, а и остатокот од тимот на домаќините имаше доста подобра вечер од претходните две во Детроит. Хидо Туркоглу и Џамир Нелсон додадоа по 18 поени, додека Ричард Хамилтон со 24 и Тејшон Принс со 22 поени беа единствените расположени за игра кај гостите, кои уште на самиот старт го загубија својот лидер Билапс.

Плејот на Детроит ја повреди десната препона по нешто помалку од четири минути на теренот и не се врати во игра, а без него нападот на Пистонси не наликуваше на оној од првите две средби. Во Детроит се надеваат дека ќе го имаат Билапс на распологање за многу важната четврта средба, која исто така се игра во Орландо в сабота вечер.

"Загрижен сум затоа што Чонси е нашиот организатор на играта. Сe во нашата игра оди преку него, тоа беше евидентно во првите две средби" - изјави по средбата тренерот на Детроит, Флип Сандерс.

Сепак, во таборот на Орландо не се заморуваа многу со ситуацијата со Билапс, туку беа среќни поради победата и одличната партија на Луис. Крилото на првите две средби имаше шут од 36% од игра од кои само 2-12 за три поени. Во третиот дуел тој погоди 11-15 од игра и 5-6 за три поени.

"Детроит е тимот кој последниве неколку сезони беше кобен за Орландо. Главното за нас беше да не дозволиме тие да направат убедлива предност. Да се обидеме да ги добиеме нашите домашни средби и да се вратиме во Детроит со изедначени 2-2" - изјави Луис.

Голем удел во мотивацијата на Орландо на оваа средба имаше и признаената тројка на Билапс на претходната средба која и самите НБА челници признаа дека не требаше да важи. Со тие три поени во финишот на третата четвртина Пистонси поведоа со 78-76. Следната средба, пак, се игра на Флорида.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи