сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Успешен старт на сениорките
Со одлична игра репрезентативките покажаа супериорност на домашен терен и со убедлив триумф против Исланд го почнаа овој квалификациски циклус.

МАКЕДОНИЈА - ИСЛАНД 3:0

(25:11, 25:18, 25:8)

Скопје, сала: Кале. Гледачи: Судии: Д. Франолиќ и М. Рајковиќ. Делегат: Т. Хаџи Бошков.

МАКЕДОНИЈА: Т. Алексовска, Петровиќ 8п. (2 бл., 1 ас, 3 с.гр.) , Иванова, Тасева, Ружиновска, С. Алексовска 3п. (1 бл., 2 с. гр.), Зафировска 12п. (3 аса), Ќурчиева 17п. (6 бл., 2 аса), Ивановска, Мароска 2п. (1 бл., 1 с.гр.), Ѓошева, Николовска 10п. (4 бл., 1 ас, 1 с.гр.)

ИСЛАНД: Форхалсдотир, Викфусдотир 6п., Ериксдотир 1п., Гунарсдотир 1п. (1 ас, 2 с. гр.), Валгерсдотир 2п. (2 с. гр.), Халсдотир, Сигурдардотир 6п., Скуладотир, Јонсдотир 2п. (1 бл. 1 ас).

Женската сениорска репрезентација успешно го почнаа квалификацискиот циклус за ЕП 2009, откако вчера на првиот претквалификациски натпревар против Исланд, сениорките на домашен терен славеа со 3:0 во сетови. Селекцијата која по седум години повторно се врати на европската сцена делуваше супериорно пред својот противник, па така освен на стартот во останатиот дел од мечот девојките имашаа контрола врз резултатот. Позитивната атмосфера и оптимизмот која стручниот штаб и репрезентативките ја форсираа во текот на подготвителниот период беше пренесена и во полето, а компактноста, одличната воиграност и соработката меѓу одбојкарките резултираше со успех. Исланд настапи само со девет играчи, кои немаа доволно квалитет да се спротивстават на нашата крајно мотивирана селекција.

Македонија натпреварот го почна во грч, така што првите неколку поени двете репрезентации играа изедначено 3:3. Невнимателната игра која резултираше со грешки му дозволи на противникот да се одлепи и на првата судиска пауза да замине со предност од 8:4. По тајм-аутот капитенот на домашната селекција, Андријана Зафировска застана на сервис и со помош на своите соиграчки успеа да направи фантастична серија од 14:0, со која направи комплетен пресврт на резултатот, 18:8 и и донесе убедлива предност на својата екипа. Сениорките мирно влегоа во завршницата на сетот и рутински го доведоа до крај, 25:11, за водство од 1:0 во сетови.

Првиот дел од вториот сет се играше поен за поен, 5:5, 8:8, за подоцна "црвено- жолтите" да дојдат од скромна предност од 13:10. За разлика од стартниот сет во продолжението исландските репрезентативки пружија поголем отпор, но тоа не беше доволно за да влијае врз играта на избраничките на селекторот Чадиев. Искусните Зафировска и Ќурчиева поентираа од секоја позиција и ја предводеа селекцијата кон крајот на вториот сет, кој Македонија го освои со 25:18.

Во последниот сет македонските одбојкарки стартуваа фуриозно и набрзина дојдоа до предност од 8:3. Капитенот Зафировска повторно имаше серија од 7:0, за 13:3 и претставуваше вистински лидер на тимот. Техничарот Сања Алексовска беше одличен организатор на играта, разигрувајќи го коректорот Петровиќ и средниот блокер Николовска. Селекторот Чадиев во третиот сет им даде шанса и на дел од одбојкарките од клупата, кои коректно ја одработија својата задача. Исланд немаше одговор за играта на противникот и не можеше да се спротивстави на налетот на "црвено- жолтите". Со убедливи 25:8 Македонија го доби и третиот сет за конечни 3:0 и победа на првиот претквалификациски натпревар против Исланд.

Сениорките имаа скромни познавања за квалитетот на селекцијата со која се среќаваат на овој двомеч, но со вчерашниот натпревар сите дилеми се решени. Победата значи и чекор поблиску до пласман во турнирските квалификации, но за следната фаза стане реалност потребно е репрезентативките да ја повторат одличната игра и на реваншот кој го играат в недела, повторно на домашен терен. Дамите вториот меч го играат во 17:30 часот, а овој дуел ќе претставува увертира за реванш претквалификацискиот натпревар кој машката сениорска репрезентација ќе го игра со Кипар.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
Борба против криминалот во спортот
Фереро го шокираше Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи