понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Во вистинско светло

МАКЕДОНИЈА - КИПАР 3:0

(25:15, 25:16, 25:17)

Скопје, сала: Кале. Гледачи: 1000. Судии: А. Колос и Е. Хуремовиќ. Делегат: Т. Хаџи Бошков.

МАКЕДОНИЈА: Ѓорѓевски, Наковски 12п. (2 бл. 1 с.гр.), Јосифов 10п. (4 бл., 3 аса), Ѓорѓиев, В. Милев, Деспотовски, Симовски 13п. (2 бл. 1 ас, 6 с.гр.), Митев 4п. (3 бл.), Карановиќ, Гинов, А. Милев 3п. (4 с.гр), Зафиров 6п. (5 бл., 1 с.гр).

КИПАР: Петракидис (3 с.гр.), Ефстатиу 7п. (3 бл., 2 с.гр.), Папахристолулу, Ираклеус 3п. (2 с.гр.), Масиас, Хрисостому 6п. (1 с.гр.), Икономидис 1п., Памбалас 2п. (2 бл., 3 с.гр.), Халоимас 5п. (1 ас, 1 с.гр.), Колас 8п. (1 бл., 2 аса, 4 с.гр.), Алексиу, Михаил.

* Репрезентативците се покажаа во сосема поинакво светло на вториот претквалификациски натпревар и комплетно доминирајќи на домашниот терен дојдоа до значајна победа со која не само што го декласираа противникот, туку и се најдоа во "Ц" групата заедно со Франција, Белорусија и БиХ.

Машката репрезентација успеа да обезбеди место во турнирската фаза на квалификациите за ЕП 2009, откако синоќа на домашен терен со убедливи 3:0 славеше во реванш натпреварот со Кипар. Сениорите не само што успеаја да го поправат негативниот резултат до првиот меч, туку и максимално го декласираа противникот, докажувајќи дека она што се случи на стартот беше само несакан кикс и лош ден. Селекцијата на средбата влезе крајно мотивирано и со самодоверба дека противникот мора да биде поразен.

Кипар посигурно го започна натпреварот 4:1, додека нашата репрезентација уште се загреваше. Веќе на првата судиска пауза домашниот тим имаше скромна предност од 8:6, која успеа да ја одржи во продолжението благодарение на фантастичната игра на Наковски и Симовски на мрежата, како и комплетната пожртвувана одбрана на другите играчи. Набрзина сениорите направија висока предност од 17:10, а кога видоа дека имаат шанса докрај да го прегазат кипарскиот тим тоа и го направија. Македонија го освои првиот сет со убедливи 25:15.

Вториот сет го започнавме изедначено 2:2. Зафиров застана на сервис, додека Симовски и Јосифов ја контролираа играта на мрежата, па "црвено-жолтите" направија серија од 5:0 која им донесе водство од 7:2. Либерото Гинов и во реваншот беше на висината на задачата и со стабилен прием му дозволи на техничарот Милев беспрекорно да ја организира играта на својата екипа, што ги исфрли од колосек противничките одбојкари. Во финишот нашата селекција имаше предност од десет поени 18:8, а Кипар колку и да се трудеше немаше одговор за играта на противникот. Избраниците на Тасевски го решија и овој сет во своја полза, 25:16, што им донесе водство од 2:0 во сетови.

Првиот дел од последниот сет се играше изедначено. На кипарската репрезентација и беше потребен само сет за првпат да се најде меѓу најдобрите 24 европски репрезентации, додека Македонија мораше со максимален триумф да го заврши овој меч доколку сака да го продолжи европскиот сон. На првиот судиски тајм-аут противникот имаше мини предност од 8:7, но домашните репрезентативци успеаја да направат пресврт и да дојдат до предност од 12:10. Играа максимално пожртвувано во одбраната, ги користеа сите грешки на противникот и го контролираа текот на играта и резултатот. Како и во претходните два сета, така и сега репрезентативците со висока предност влегоа во мирна завршница, 20:15 и го освоија сетот со 25:17, за конечни 3:0.

Максималната победа во реваншот и само 48 освоени поени на селекцијата на Кипар, ни овозможи да обезбедиме место во сладната фаза од квалификациите и да се најдеме во групата "Ц" каде ќе се натпреваруваме против Франција, Белорусија и БиХ. Македонија ќе се бори за второто место во групата кое ќе ни овозможи бараж за понатаму.

Машката репрезентација денеска ќе има одмор, а утре почнува нова мисија за нив, првиот квалификациски турнир во Франција, кој се игра веќе викендов во Тулуз.


Наjновo од Спорт
Во вистинско светло
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Оли, секогаш ме импресионираше!
Матераци "го испушти" скудетото
Елиминирана првата пречка
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Кулминација на прекрасната сезона
Успешен старт на сениорките
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
Сафина ја "исфрли" Анен од Берлин
Исланд за враќање во игра
По изненадување на стартот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи