
|
 |
Спорт / Останати спортови
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Светскиот рекет број 3, Новак Ѓоковиќ, стигна до својата 10. титула во кариерата враќајќи се од еден сет негатива за 4:6/6:3/6:3 победа над Швајцарецот Станислас Вавринка во финалето на Мастерсот во Рим. Србинот го освои Австралискиот опен во јануари за прва гренд слем титула, а потоа во март стигна и до Мастерсот во Индијан Велс, Калифорнија.
"Ова е еден од најдобрите турнири на кои сум победил", изјави Ѓоковиќ на течен италијански јазик откако го доби победничкиот трофеј од четирикратната шампионка од Рим, Габриела Сабатини.
Со третата победа во 2008 година Ѓоковиќ се доближи на 310 поени од второрангираниот Рафаел Надал на АТП рејтинг листата, а сега вели дека сака да е број 1.
"Се надевам дека ќе се случи тоа, но не можам да мислам на првото место се уште", додава Ѓоковиќ.
Турнирот во Рим беше важна подготовка за Ролан Гарос, кој стартува за две недели. Ѓоковиќ има 8-1 скор на земја оваа година и 25-5 во кариерата. На Мастерсот во Монте Карло минатиот месец тој се повлече од полуфиналето против Рожер Федерер поради проблеми со инфекцијата на грлото.
Овој пат немаше слабости, иако многу други тенисери покажаа слабост. И Ѓоковиќ и Вавринка влегоа во финалето откако нивните противници се повлекоа во полуфиналето. Прво Енди Родик имаше проблем со грбот против Вавринка, а потоа Радек Штепанек не можеше да продолжи против Ѓоковиќ поради жештината. Противникот на Ѓоковиќ од четвртфиналето, Николас Алмагро, се повлече поради проблеми со зглобот на раката.
И покрај поразот, Вавринка ќе скокне на 10. место на АТП листата, и заедно со Федерер за првпат Швајцарија ќе има двајца топ 10 тенисери. 22-годишниот Вавринка е јуниорски шампион од Ролан Гарос од 2003.
САФИНА ЈА КОМПЛЕТИРАШЕ ОДЛИЧНАТА НЕДЕЛА
Динара Сафина совлада и трета топ 10 тенисерка во една недела на Германскиот опен освојувајќи ја титулата со 3:6/6:2/6:2 триумф над својата руска сонародничка Елена Дементиева. 17-рангираната Сафина на овој турнир на земја ги совлада и светската тенисерка број 1 Жастин Анен и светската тенисерка број 8 Серена Вилијамс.
22-годишната Русинка го надмина бавниот старт и првиот сет (исто како во претходните две изненадувања), пред нејзините удари одеднаш да одат каде што треба. Ова е шеста ВТА титула за Сафина и доаѓа на Денот на мајките.
"Мојата мајка може да си купи с$ што сака сега. Сега одиме во некоја продавница за да си избере. Јас ќе платам", вели Сафина, која заработи 197.000$ и чија мајка беше на трибините.
Сафина е сестра на двократниот гренд слем шампион Марат Сафин.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|