понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите

Шпанскиот шампион Суидат Реал во реванш мечот од Лигата на Шампионите, во машка конкуренција, на гости го совлада германскиот Кил со 31:25, со што го освои трофејот и покрај поразот од два гола разлика во Мадрид.

Кил во првиот меч славеше со 29:27, и го понесе епитетот на фаворит пред реваншот. Но во двобоите беше очигледно дека домашниот терен за двете екипи не игра голема улога, бидејќи Реал, како и Кил во Мадрид, успеаа на домаќините да им го нанесат првиот пораз сезонава.

Расположените Шпанци во текот на целиот меч ја контролираа играта, а во завршницата успеаа да ја одржуваат предноста од четири до пет гола. Во последните минути дојде до голем хаос по еден прекршок пред голот на Суидат, во кој се најдоа сите играчи, раководството на клубовите како и по некој гледач. Иако се чинеше дека финалето ќе заврши со голема физичка пресметка, страстите сепак се смирија и Шпанците заслужено го подигнаа пехарот европски шампион.


Наjновo од Спорт
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
Неизвесност на дното, Рајкард со пораз се прости од "Ноу Камп"
Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!
Силата на шампионот на виделина
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Боависта исфрлена од лигата
Во вистинско светло
Елиминирана првата пречка
Успешен старт на сениорките
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
Леб мора "да се потсреди"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи