вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Македонија во 3. шешир

Женската јуниорска репрезентација на Македонија е рангирана во 3. шешир пред ждрепката за групите за Светското првенство кое треба да се одржи кај нас од 21 јули до 3 август.

Македонија дефинитивно ќе ги избегне во првата фаза репрезентациите на Аргентина, Казахстан и Унгарија бидејќи токму овие репрезентации се рангирани во истиот шешир каде што е и нашиот најдобар јуниорски состав.

Сепак, рангирањето нуди можност за игра против неколку атрактивни селекции, но и неколку состави против кои не би требало да имаме поголеми проблеми.

Она што е најважно за нас е фактот што како домаќини нашиот шешир влегува во ждрепка дури откако групите ќе бидат речиси формирани.

Прво ќе бидат извлечени селекциите кои се наоѓаат во првиот и вториот шешир, но и оние кои се во последниот шешир во кој се наоѓаат вкупно осум селекции. Дури откако секоја од групите ќе добие по четири репрезентации ќе биде познато каде ќе игра Македонија.

Селекторот Георгиевски и тренерот Петрушевски ќе треба да ја изберат групата во која ќе игра нашата селекција, а практично и противниците со кои ќе можеме да дојдеме до повеќе бодови и добра позиција за игрите во вториот круг.

Инаку, сакаме ли успех на Светското првенство мораат сите девојки да ја сфатат задачата сериозно бидејќи ги очекува голем предизвик. Ова им е шанса на кариерата така што секоја од нив ќе мора да ја искористи и да покаже дека заслужува да го носи дресот со репрезентативните бои.

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА

1. ШЕШИР: Данска, Шпанија, Кореја, Романија

2. ШЕШИР: Хрватска, Франција, Словенија, Црна Гора

3. ШЕШИР: Македонија, Аргентина, Казахстан, Унгарија

4/5. ШЕШИР: Германија, Алжир, Ангола, Бразил, Јапонија, Тајпех, Уругвај, Океанија


Наjновo од Спорт
Македонија во 3. шешир
Хамилтон задоволен од себеси
Хеики можеше да победи
Бензема најдобар во Франција
Руи Коста ја заврши кариерата видео
Повредата нема да ме спречи да играм во финалето на ЛШ
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
Силата на шампионот на виделина
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Во вистинско светло
Елиминирана првата пречка
Успешен старт на сениорките
Конечно се разигра и Луис
Швајцарците ги раздрмаа "Трите круни"
Факелот пристигна на Монт Еверест
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи