
|
 |
Спорт / Останати спортови
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Вчерашниот состанок на барање на Управниот одбор за повторно разгледување на инцидентот на дербито меѓу Вардар Про и Металург не донесе ништо ново во поглед на казните за актерите кои беа суспендирани. Одново беше потврдена казната за тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ, и судијата Ѓорѓи Начевски со забрана за вршење каква било функција во ракометниот спорт на четири првенствени или куп натпревари. Ова воедно значи дека суспензијата е укината и тие може да се вратат на вршењето на својата работа.
Со повторување на истите казни практично се става точка на настаните на овој инцидент. На состанокот беа присутни членовите на Комисијата за спроведување на натпреварите заедно со Дисциплинската комисија, а сето тоа беше координирано од страна на потпретседателот на РФМ, Иван Бојков.
Како што се вели во соопштението објавено по состанокот, одново бил разгледуван Дисциплинскиот правилник, а според него казните изречени од страна на Комисијата за спроведување на натпревари веднаш по натпреварот одговара на описот на делата и предвидените мерки во членот 26 од овој правилник.
Донесувањето на ваквата одлука практично значи и крај на суспензијата за Вујовиќ и Начевски, па тие ќе можат веќе од денеска да ја вршат својата работа и натаму. Тие ја издржаа казната од четири средби и ќе може да бидат на теренот на средбите од завршницата од Купот на Македонија.
Сепак, останува една работа по овој состанок. Казнетите добија предупредување во кое се вели дека овој пат минаа со вакви казни бидејќи Дисциплинскиот правилник предвидува ваква казна. Доколку се повтори во иднина тогаш ќе бидат казнети многу поригорозно и казните ќе бидат поголеми.
Воедно, доколку УО на РФМ смета дека ваквите случаи треба да бидат регулирани и третирани поинаку, тогаш членовите на УО имаат право и можност да поведат постапка за измени и дополнување на Дисциплинскиот правилник.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|