
|
 |
Спорт / Останати спортови
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Третиот натпревар на WTCC се оддржува овој викенд во Валенсија на патеката Честе, ова е традиционална трка кадешто SEAT ја започнува трката како предводник во категорија на производител и возачи.
По победата на четирите трки во претходните два натпревари SEAT Sport се соочува со голем предизвик да остане во водство понатаму во отежнати услови. Имено, според правилата на WTCC, возилата , т.е неколкуте SEAT León TDI ќе носат значителна тежина во споредба со нивните главни ривали, со што тимот на SEAT ќе има задача да се бори за успех меѓу конкуренцијата во отежнати услови.
Возилата на SEAT исто така ќе бидат надополнети со отежнувачки методи, што допрва ќе бидат утврдени од FIA, што пак ќе ги отежнат максималните вртежи на возилото и сеуште не ни е познато како ова ќе влијае на нивните перформанси.
Останува да видиме овој викенд.
Детаљи за настанот
Натпревар: 2008 WTCC, трка 5 и 6
Патека: Честе (Cheste) , Валенсија
Должина: 4.005 км. Две трки од 13 круга
Распоред
Петок, 16 мај
15:00 – 15:30 p.m.: Слободен тренинг
Сабота, 17 мај
8:30 – 9:00: Слободен тренинг
11:30 – 12:00: Слободен тренинг
15:00 – 15:30: Квалификации
Недела, 18 мај
9:30 – 9:45: Загревање
12:05: Прва трка
15:50 : Втора трка
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|