среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
ЕХФ ја корегираше листата на стрелци и сега Лазаров и Стефансон имаат по 96 гола, но Лазаров има помалку голови постигнати од пенал и дури четири меча помалку од Исланѓанецот.

Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите сезонава. Европската ракометна федерација го призна голот на македонскиот интернационалец од дуелот Загреб-Вардар Про и сега тој има 96 гола, исто колку што постигна и Олафур Стефансон од шампионскиот тим на Сиудад Реал, но Македонецот има помалку голови од пенал и официјално е прв на листата на стрелците.

Имено, на тој натпревар еден гол место на Лазаров записничката маса го запишала на друг ракометар. Откако заврши финалето, и се виде дека со тој гол Лазаров би бил прв стрелец во ЛШ, Загреб испратил снимка во ЕХФ и по разгледувањето била констатирана грешката на записничката маса и голот му е запишан на вистинскиот стрелец. Гол кој го реши победникот во престижната трка за ласкавото признание.

Со ова е исправена неправдата која ќе му беше нанесена на Лазаров кој пред две години беше најдобар стрелец, лани во реваншот на финалето, откако одиграа четири натпревари повеќе го минаа Никола Карабатиќ и Ларс Кристијансен, а годинава исто со четири натпревари повеќе еден гол повеќе постигна Олафур Стрефансон.

Но, Европската ракометна федерација ја корегираше листата и сега Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите!

"Јас знаев за тој гол, но се надевав дека нема да има потреба да реагираме. Но, на крајот излезе неминовно, па реагираше клубот и грешката беше исправена. Што да кажам, пресреќен сум. Од сите признанија кои ги имам досега добиено, ова ми е можеби најдраго, затоа што до него дојдов најтешко. Ова не е само индивидуално, ова го сметам како признание за целиот македонски ракомет. Ова излезе добра сезона и најмногу од сe сакам да ја заокружиме со елиминација на прастарите должници - Исланд!", изјави Кирил Лазаров.

Вторпат за три години, од кои реално требаше да бидат три од три на листата на стрелци на врвното натпреварување е остварување какво што никогаш досега нема постигнато ниту еден македонски спортист во кој било спорт. Секоја чест за Лазаров, останува да чекаме во јуни на мечевите со Исланд, на кои ќе има можност очи во очи со Стефансон да докаже кој е најдобриот десен бек во светот во моментов.


Наjновo од Спорт
Детроит во финалето на источната конференција
Вардар не доби лиценца за Европа
Тодорчев жртва за "наместен" меч!!!
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Кливленд изедначи против Бостон
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи