среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

ПРВИТЕ НОСИТЕЛИ НА МАСТЕРСОТ ВО ХАМБУРГ ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ СО МЕЧЕВИТЕ
Давиденко и Ферер повторно импресивни

Николај Давиденко и Давид Ферер "умно" влегоа во третото коло на Мастерсот во Хамбург во вторникот. Русинот Давиденко, кој е четврти носител стигна до лесна 6:4/6:1 победа над се послабиот Хрват Иван Љубичиќ, додека петтиот носител, Шпанецот Ферер, беше исто така импресивен во 6:3/6:3 победата над Чехинката Иво Минар.

Во одличен меч на централниот терен, Давиденко ги искористи серијата неизнудени грешки на Љубичиќ за лесна победа по 1 час и 24 минути. Светскиот рекет број 4 има една Мастерс титула оваа година, откако го совлада Рафаел Надал на хардкорт терените во Мајами и има пристоен старт на сезоната на земја.

"Играта во Мајами е многу полесна отколку играта на земја, но можеби победата на тој турнир ми помогна ментално. Мојот тенис е ист, но кога се чувствуваш добро играш добро", вели Давиденко, кој има 29-8 скор оваа година и 10-3 на земја.

Шпанецот Ферер трипати во последните четири години беше четвртфиналист во Хамбург и се обидува да се врати по разочарувачкиот пораз во второто коло од Радек Штапенек во Рим минатата недела. Светскиот број 5, Ферер дојде на тој турнир по поразот од Рафаел Надал во финалето во Барселона.

Следен за него е неговиот сонародник Фернандо Вердаско, кој продолжи со одличната игра со 6:2/6:0 победа над Французинот Мишел Лодра за само 52 минути. Вердаско го направи првото големо изненадување на турнирот во понеделникот, елиминирајќи го 10. носител, Русинот Михаил Јужни.

Во еден од дуелите од првото коло, шампионот од 2006 и 13. носител, Томи Робредо стигна до 2:6/7:6(5)/6:3 победа над Германецот Филип Колшрајбер. Робредо, кој е единствен покрај Рожер Федерер кој победил на овој турнир последните четири години сега ќе игра со Хрватот Иво Карловиќ.

Првата награда на турнирот е 555.500$.

Во Рим пак, светската тенисерка број 2, Марија Шарапова ќе почне со турнирот против Словачката Доминика Чибулкова, откако таа со 7:6/6:4 ја совлада Аргентинката Жизела Дулко. Првата носителка Ана Ивановиќ, која исто така има слободно прво коло ќе игра со Бугарката Цветана Пиронкова, која со 6:4/6:2 ја совлада чешката квалификантка Клара Закопалова. Венус Вилијамс, седната носителка требаше да игра првпат по цел месец против Австралијката Саманта Стосур, но распоредот на турнирот беше прекинуван од дождот.

РЕЗУЛТАТИ:

АТП МАСТЕРС СЕРИЈА - ХАМБУРГ, 2.270.000Е

2.КОЛО

(4) Давиденко - Љубичиќ 6:4/6:1

(5) Ферер - Минар 6:3/6:3

Вердаско - Лодра 6:2/6:0

1.КОЛО

(11) Моја - Бенето 3:6/6:4/7:6(9:7)

(13) Робредо - Колшрајбер 2:6/7:6(7:5)/6:3

Содерлинг - Андреев 4:6/6:3/6:3

Типсаревиќ - Бек 3:6/6:3/6:1

Стараче - Хорна 6:3/4:2 пред.

Акасусо - Флиген 5:2 пред.

Вавринка - Мартин 6:3/6:3

ИНТЕРНАЦИОНАЛИ БНЛ Д'ИТАЛИЈА - РИМ, 1.340.000$

1.КОЛО

Азаренка - (19) Бамер 6:1/6:3

Чибулкова - Дулко 7:6(7:1)/6:4

Пиронкова - Закопалова 6:4/6:2

Винчи - Канепи 6:4/4:6/6:0


Наjновo од Спорт
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Малдини: Би можел да играм уште една сезона
Алонсо не верува во изненадување
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
Хамилтон сака "еднаквоста" да остане во Мекларен
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Кливленд изедначи против Бостон
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
Силата на шампионот на виделина
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Во вистинско светло
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи