
|
 |
Спорт / Останати спортови
|
|
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Повредата на колкот се заканува да го остави Австралиецот Лејтон Хјуит без двата летни гренд слем турнири, Францускиот Опен и Вимблдон. Поранешниот светски број 1 и шампион од Вимблдон и УС Опен е на лекување во болница во Сиднеј и ги чека резултатите пред да одлучи дали дак продолжи да игра по еден месец пауза.
"Колкот почнува да е подобар, но се уште се немам тестирано на терен. Специјалистот направи уште неколку тестови, но резултатите ќе мораат да почекаат. Тогаш ќе направам одлука дали да одам во Париз и на сезоната на трева", вели Хјуит.
Повредата на колкот е последна "сопка" во кариерата на Хјуит откако го загуби првото место на рејтинг листата во 2003. Тој победи на УС Опен во 2001 и на Вимблдон следната година, но оттогаш нема гренд слем трофеј и моментално е на 19. место на АТП листата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|