
|
 |
Спорт / Останати спортови
СО ПОМОШ НА СВОИТЕ ВЕРНИ НАВИВАЧИ, МЗТ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ ВЕЧЕРВА ЈА ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА Да се биде или не!!! Се надевам дека ќе одиграме многу подобро, мислам дека поуката е извлечена. Свесни сме како не треба да се стартува еден натпревар" - вели Лазовски
Нема повеќе математики..., МЗТ ФОН Универзитет нема право на поправен. За да ја продолжат серијата во полуфиналето од плеј-офот, "металците" ќе мора да го добијат бранителот на шампионската титула, Струмица
Слабата игра и големиот пораз мора да се остават зад себе, "сино-белите" мора да го искористат хендикепот на струмичани и да покажат дека имаат големо срце, ќе мора да го репризираат вториот меч.
Момците од "Јане Сандански" ги имаат сите предуслови, по подолго време конечно ќе играат пред своја публика, во полна сала.
Овој пат љубителите на кошарката, па и ние, новинарите, ќе можеме да го почувствуваме шармот на полуфиналето, кое дефинитивно спорд најавите од домашнито табор, ќе се игра пред полни тирбини.
"Се надевам дека ќе одиграме многу подобро, мислам дека поуката е извлечена. Свесни сме како не треба да се стартува еден натпревар. Наша цел е да ја продолжиме серијата, доколку одиграме максимално борбено во тој случај сигурен сум дека ќе се избориме за уште еден меч. По пауза од три натпревари ќе играме пред нашата публика. Се надевам дека ќе бидат во голем број, и дека со едно коректно навивање ќе успееме, нивното бодрење ќе биде од големо значење за нас " - вели искусниот стратег на МЗТ ФОН Универзитет, Марјан Лазовски.
Што ќе биде доколку се случи обратното, МЗТ ФОН Универзитет вечерва да го заврши плеј-офот?
"Прво никој не може да ни ја скрати, да ни ја одземе желбата за победата. Доколку Струмица, која е дефинитивно фаворит не победи, ние ќе им честитаме и ќе им посакаме среќа во финалето. Во секој случај нема да биде неуспех, бидејќи ние засега остваривме повеќе од потцртаното. Но во спортот никогаш не се знае, понекогаш и фаворитите 'паѓаат'. Финале за нас би значело голема круна на нашата работа" - вели во форма на заклучок, Лазовски.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|