четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА ФРАНЦИЈА НА ПРВИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР
Поход за втората позиција

Машката репрезентација изутринава замина за Франција каде што викендов во Данкерк ќе го одигра првиот квалификациски турнир во рамките од квалификациите за ЕП 2009. Македонија разигрува во групата "Ц" каде што покрај Франција како противници ги имаме и Белорусија и Босна и Херцеговина. На првиот турнир селекцијата заминува со надеж дека ќе дојде до второто место во групата, но доколку не успее во тоа, ќе се потруди да одигра што е можно поквалитетно и да создаде добар резултат што ќе ни овозможи на вториот турнир кој го играме на домашен терен да дојдеме до баражот.

"Нашите желби, амбиции и очекувања како репрезентација се освојување на второто место во групата кои ќе ни овозможат да играме бараж натпревар за пласман на Европското првенство. Франција е реално најквалитетен противник со кого се среќаваме во разигрувањето, така што во натпреварот со нив единствено што очекуваме е добра игра, а се друго би било голем бонус за селекцијата. Шансата ќе ја бараме со Белорусија, која според квалитет е на исто рамниште со нас, додека со екипата на БиХ одиме на победа. Доколку не успееме да стигнеме до второто место на турнирот во Франција тогаш се надевам дека ќе одиграме квалитетно и ќе создадеме добра подлога за амбицијата да биде оставарена на вториот турнир кој го организираме ние", изјави спортскиот директор на репрезентацијата, Петар Јовановски.

Последниот тренинг репрезентативците го одработија во одлична атмосфера, што претставуваше само дополнителен показател на позитивна енергија со која се заминува заминува за Данкерк.

"По победата над Кипар викендов, репрезентацијата ја врати самодовербата и покажавме дека вредиме. Во Франција одиме по позитивен резултат. Факт е дека се среќаваме со квалитетни селекции, кои не треба да ги потценуваме, но исто така не треба да имаме и респект кон никого. Најважно е да покажеме голема ангажираност, концентрираност, мотивирана игра и борба на теренот со што ќе можеме да дојдеме и до двете потребни победи кои ќе ни ја донесат втората позиција во групата", вели еден од најискусните во репрезентацијата, Атанас Милев.

Одбојкари и нивниот предводник, селекторот Александар Тасевски се свесни за историската шанса која ја имаат да ја однесат македонската одбојка во европскиот крем, па познавајќи го нивниот квалитет, упорност и истрајност може да се надеваме дека од Франција ќе се вратат со поволен резултат кој ќе треба само да го потврдат на вториот турнир во Скопје.

Сениорите денеска ги чека напорен патувачки ден бидејќи преку Белград заминуваат со авион за Париз, а од таму со автобус до Данкерк.


Наjновo од Спорт
Поход за втората позиција
Ф1 сака ограничен буџет
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Барса за Кака понуди цело богатство
Зенит триумфираше во Купот на УЕФА
Детроит во финалето на источната конференција
Вардар не доби лиценца за Европа
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Кливленд изедначи против Бостон
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи