четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Позитивни сигнали за евро шампионатот
Коментарите на претставниците на ЕХФ по вчерашната инспекција на салата во Охрид ставија крај на шпекулациите, па Македонија доби сигурност за организацијата на ЕП во декември.

По вчерашната посета на СРЦ "Билјанини извори", Македонија доби сигурност околу организацијата на Европското првенство за сениорки во декември бидејќи оценките од Инспекцијата на ЕХФ се позитивни. Она што се очекуваше по преземените активности вчера беше потврдено, така што сега преостанува да се продолжи со истото темпо на работа и салата да добие уште поубав лик во следниот период.

Охридската спортска сала "Билјанини Извори" вчера доби позитивни оценки од инспекцијата на Европската ракометна федерација, па ваквите оцени максимално му годат на организаторот. Сосема е јасно дека спортската сала "Билјанини извори" во декември ќе ги пречека најдобрите селекции во женска конкуренција на стариот континент.

Во текот на вчерашниот ден спортската сала беше подложена на детално "скенирање", кое траеше повеќе од два часа. Инспекцијата предводена од директорот на Натпреварувачката комисија при ЕХФ, Холанѓанецот Јан Туик, директорката за женски натпреварувања, Моника Фликседер, како и претствници на маркетинг агенцијата ИНФРОНТ ја "чешлаа" охридската спортска сала и речиси до детаљ ги видоа сите новости кои ги нуди истата.

"Отстранети се голем дел од забелешките. Она што ни беше кажано минатото лето се обидовме најдобро што можеме да го поправиме, а по оваа посета добивме нови упатства кои ќе ги реализираме до почетокот на јуниорското Светско првенство за ракометарки на 21 јули, за кога е најавена и последната инспекција од страна на Европската ракометна федерација ", истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Одличната соработка на релација РМФ - Охрид на обострано задоволство продолжува. Охрид со своето опкружување заслужува да биде дел од големите спортски настани, така што во моментов сите коментари се само позитивни.

"Маркетинг агенцијата Инфронт, која ги има есклузивните права за првенството, на денешната посета изнесе нови барања. Истите сигурно ќе бидат навреме отстранети, па на последната инспекција салата Билјанини извори ќе биде со потребниот изглед и стандарди на ЕХФ", истакна генералниот секретар Марјан Начевски.

Што се однесува до првичните забелешки од ЕХФ, кои беа искажани минатото лето, тие 90 посто се отстранети. Тоа е секако голем плус за сите, а најавите се дека ќе има голема заинтересираност за овој шампионат. Според проценките на маркетинг агенцијата Европското првенство ќе го проследат 1,5 милијарди гледачи пред ТВ екраните.

"Првенството во ракомет што ќе се игра од 2 до 14 декември оваа година ќе биде најголемиот спортски настан што некогаш се одржал во Македонија досега", рече Начевски.

Новите забелешки изнесени при денешната инспекција се однесуваат на зголемување на капацитетот на прес центарот, проширување на микс зоната, и подобрување на условите за ТВ пренос. Според проценките на ЕХФ се очекува ЕП во Македонија да го проследат околу 1000 акредитирани новинари за кои треба да се обезбедат соодветни услови.

"Нема потреба за загриженост, од она што го видовме пред десет месеци и она што го гледаме сега ние сме задоволни. Преостануваат одредени финеси да се финализираат, но ние сме оптимисти", рече Мартин Рос од маркетинг агенцијата Инфронт.

Директорот на Натпреварувачката комисија, Јан Туик , ги демантираше шпекулациите околу евентуалното одземање на организација на ЕП . Притоа тој се заблагодари на градоначалникот на Охрид за досега сработеното, но го држи за збор дека сите забелешки ќе бидат отстранети на денот на ждрепката за ЕП што ќе се одржи на 20 јули на брод во водите на Охридското Езеро.

"Се уште не сме стигнале до финалната фаза, но за мене нема никаков сомнеж дека работите ќе бидат завршени и учесниците на ЕП че бидат задоволни од работата која ќе ја направиме", беше кажано на вчерашната прес-конференција, која се одржа веднаш по инспекцијата на салата.


Наjновo од Спорт
Позитивни сигнали за евро шампионатот
Недвед уште година на "Деле Алпи"
Поход за втората позиција
Ф1 сака ограничен буџет
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Барса за Кака понуди цело богатство
Зенит триумфираше во Купот на УЕФА
Детроит во финалето на источната конференција
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Кливленд изедначи против Бостон
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи