четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Жастин Анен се пензионираше!

Жастин Анен се повлече од тенисот во средата, неверојатен крај на кратката и успешна кариера во која освои седум гренд слем титули и си заминува како светска тенисерка број 1. 25-годишната Белгијка го даде изненадувачката изјава на прес-конференција во средата, помалку од две недели пред стартот на Францускиот Опен. Таму Анен има четири титули, вклучувајќи ги тие од последните три години.

"Ова е крај на детскиот сон. Ова е дефинтивна одлука. Тие кои ме познаваат знаат дека сум многу сериозна", вели Анен, која нема да има проштална турнеја туку се пензионира веднаш.

Анен освои 10 титули минатата година, но оваа година имаше пад на формата. Таа загуби минатото коло во третото коло на Германскиот Опен и се повлече од Италијанскиот Опен, велејќи дека е преуморна.

"Размислував долго за ова. Почнав да размислувам на крајот на минатата година. Мислам дека стигнав до крајот на патот. Си заминувам со високо крената глава. Мојата кариера ја движев на емоции, но не ги чувствував повеќе по Мадрид минатата година. Си заминувам на врвот", вели Анен.

Минатата година, Ким Клајстерс, уште една Белгијка која беше светска тенисерка број 1 и освојувачка на гренд слем титула се пензионираше на 23 години. Оттогаш таа се омажи и стана мајка.

Малата Анен ја надмина својата физичка слабост и серијата повреди да доминира во тенисот со фантастичниот бекхенд, импресивното покривање на теренот и неверојатната сила. Во 2006 таа стигна до сите гренд слем финалиња, а во 2007 имаше развод со својот сопруг, но потоа победи на Ролан Гарос и УС Опен, уште осум други турнири и заработи повеќе од 5 милиони $. Покрај титулите од Париз, Анен победи на Австралискиот Опен во 2004, на УС Опен во 2003 и 2007, а единствен гренд слем кој и избега беше Вимблдон, каде што играше во финалето во 2001 и 2006. Таа заработи скоро 20 милиони $ од тенисот и беше прворангирана од 13 ноември 2006, освен седум недели лани кога Шарапова беше прва.

Минатата недела во Рим таа зборуваше дека планира пензионирање во кое ќе може да патува и чита, но не најави дека ќе се повлекува и зборуваше колку сака да игра во Париз. Во последната декада во женскиот тенис владееја тенисерки како Марија Шарапова и сестрите Вилијамс, кои покрај знаењето имаат и неверојатна сила, додека Анен беше сосема поинаква. Светскиот број 1 Рожер Федерер призна дека тенискиот свет е шокиран од повлекувањето на Анен.

"Само што слушнав и ова е шок за сите во тенисот. Сигурен сум дека има причини, но изненадувачки е што доаѓа на две недели од Ролан Гарос, каде што има толку успех и Вимблдон, каде што нема победено. Жастин е посебна тенисерка, бидејќи знае да игра на секоја подлога, што е необично во женскиот тенис. Уште позначајно е што таа е мала тенисерка, а сите нови девојки се високи и имаат предност. Сепак, јас не би можел да сфатам да се пензионираш додека си број 1", вели Федерер.

ЖАСТИН АНЕН, СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1

- Родена на 1 јуни 1982 година во Лиеж, Белгија

- Во 1999 станува професионалец и освојува 41 титула, од кои 7 гренд слем трофеи.

- Во својот деби турнир во Антверпен станува шампион.

- Станува првата Белгијка со финале на Вимблдон во 2001, кога губи од Венус Вилијамс. Потоа станува првата Белгијка со гренд слем титула, кога ја совладува својата сонародничка Ким Клајстерс на Ролан Гарос 2003.

- Ја совладува по вторпат Клајстерс во финалето на УС Опен во 2003, а потоа и во финалето на Австралискиот Опен во 2004.

- Освојува златен медал на ОИ во Атина 2004 и покрај тоа што има вирусна инфекција.

- Освојува Ролан Гарос во 2005 и 2006, само петта жена со одбрана на титулата од Париз.

- Стигнува до сите четири гренд слем финалиња во 2006.

- Ја започнува 2007 со пропуштање на Австралискиот Опен по распадот на четиригодишниот брак со Пјер-Ив Арден, но потоа ја освојува третата титула од Францускиот Опен.

- Стигнува до 7. гренд слем титула со победа над Светлана Кузнецова на УС Опен.

- Ја завршува сезоната со 5:7/7:5/6:3 епска победа над Марија Шарапова во финалето на ВТА шампионатот во меч кој трае 3 часа и 24 минути.

- Ја започнува сезоната 2008 со титули во Сиднеј и Антверпен, но губи од Шарапова во 1/4 финалето на Австралискиот Опен. Не успева да го помине 1/4 финалето на последните три турнири и се повлекува од Италијанскиот Опен поради умор.

- На 14 мај, се уште како светска тенисерка број 1 се повлекува од тенисот.


Наjновo од Спорт
Жастин Анен се пензионираше!
Позитивни сигнали за евро шампионатот
Недвед уште година на "Деле Алпи"
Поход за втората позиција
Ф1 сака ограничен буџет
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Барса за Кака понуди цело богатство
Детроит во финалето на источната конференција
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
Кливленд изедначи против Бостон
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи