четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Продолжува низата на Детроит

Дури и кога се натскокани и помалку прецизни од својот противник, па и кога се без својот стартен плеј, Пистонси се тим кој може да совлада секого. Тие тоа го покажаа во последните две средби од серијата со Орландо во кои иако го немаа на располагање повредениот Чонси Билапс остварија две победи за затворање на серијата со конечни 4-1. Последниот триумф тие го остварија на свој терен со 91-86 преку 31 поен на Ричард Хамилтон и искусната игра во последната четвртина која ја добија со 26-18. Клучни на оваа средба беа загубените топки, категорија во која Пистонси имаа само три (плеј-оф рекорд), а гостите годинешен негативен плеј-оф рекорд од 21 загубена топка. Така, Детроит стана првиот клуб кој игра шест конференциски финалиња во низа по тимот на Лејкерси од 80-тите години кога предводени од Меџик Џонсон тие настапија во осум финалиња на Западот едноподруго.

Пистонси сега ќе имаат некој ден повеќе за одмор пред продолжување на својот плеј-оф настап со оглед на тоа дека Бостон и Кливленд се изедначени на 2-2 во својата серија. Тоа секако дека ќе биде плус и за рехабилитацијата на Билапс, кој има проблеми со десната препона.

Тимот на Детроит успеа да ја надмине слабата шутерска вечер благодарение на своите слободни фрлања и одличната грижа за баскетот во секој напад. Тие погоди 28-32 од линијата за слободни и 21 загубена топка на гостите ги претворија во дури 34 поени. Пистонси средбата ја завршија со реализација од игра од 36.1 наспроти 48.4 на Орландо и беа натскокани со 46-38.

"Навистина ме чуди како резултатот беше така тесен со оглед на нашите загубени топки. Веројатно за тоа е виновна нашата предност во шутот и скокот. Тоа што не совладаа двапати по ред без Билас кажува многу за нас, но и за нив како тим" - изјави тренерот на Орландо, Стен Ван Ганди.

Голема заслуга за победата има замената за Билапс, дебитантот Родни Стаки, кој за 33 минути на теренот постигна 15 поени и не загуби ниту една топка. Антонио Мекдајс додаде 17 поени и 11 скокови, Рашид Волас застана на 14 поени, а Тејшон Принс додаде десет поени и една клучна блокада над Хидо Туркоглу во финишот.

Турскиот репрезентативец со 18 поени, девет скокови и седум асистенции беше најефикасен во редовите на Орландо каде Рашард Луис, Двајт Хауард и Џамир Нелсон имаа по 14 поени. Хауард фати и 17 скокови, но неговата вечер беше уништена со слабата реализација за слободни од само шест од 15 обиди.


Наjновo од Спорт
Продолжува низата на Детроит
Жастин Анен се пензионираше!
Позитивни сигнали за евро шампионатот
Недвед уште година на "Деле Алпи"
Поход за втората позиција
Ф1 сака ограничен буџет
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Детроит во финалето на источната конференција
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Лазаров најдобар стрелец во ЛШ!
Sеат моменто води на WTCC, следи Валенсија
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи