
|
 |
Спорт / Останати спортови
ШАМПИОНОТ СЕ ОДБРАНИ ВО "ЈАНЕ САНДАНСКИ", ЌЕ ЈА БРАНИ ТИТУЛАТА ВО ФИНАЛЕТО Струмица "преживеа", наградата е финале број 2
МЗТ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ - СТРУМИЦА 85:89
(16-21; 22-23; 19-14; 28-31)
Сала "Јане Сандански" - Скопје. Гледачи: 1.000. Судии: Златевски - Денковски - И. Митровски - Скопје. Делегат: Макрадули - Битола
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. Играч п 3п 2п 1п ск. ас.
Тачи 10 2/4 1/6 2/4 4 4 Богоев 12 1/4 3/6 3/7 2 2
Б. Николовски 0 0/1 0/1 0/0 0 0 Цветков 1 0/0 0/0 1/2 1 0
Петровски 22 2/5 5/7 6/7 2 4 Соколов 14 0/3 3/4 8/11 2 4
Живковиќ 15 2/5 1/5 7/8 6 2 Грујиќ 0 0/0 0/0 0/0 0 0
Рамадан - - - - - - Тасовски 28 5/7 5/6 3/5 3 0
Конзулов 6 2/3 0/0 0/0 0 2 Крстевски 7 0/2 1/1 5/6 1 1
К. Николовски 7 2/2 0/3 1/2 6 0 Бошњак 12 0/1 6/7 0/0 9 1
Пуповиќ 4 0/0 2/4 0/0 2 1
Милановски 4 0/1 2/2 0/0 0 0 Караманолев - - - - - -
Агоч 21 0/2 8/13 5/7 7 2 Латовиќ 11 0/3 5/10 1/2 14 3
Деспотовиќ 0 0/0 0/2 0/0 1 2 Заев - - - - - -
Вкупно: 85 10/23 17/39 21/28 26 16 Вкупно: 89 6/20 25/38 21/33 34 12
Шампионот оди во финале, заврши сезоната за неговиот прв предизвикувач во одбрана на титулата.
Во четвртиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот, Струмица го победи МЗТ ФОН Универзитет (89:85), по трет пат во серијата за крајни (3-1) и "влез", втора година по ред, во големото финале, каде ги чека и тоа одамна Фени Индустри.
До вториот триумф во "Јане Сандански" во оваа сезона, струмичани дојдоа на многу потежок начин од оној пред нецели два месеци кога го декласираа својот ривал со пеесетина поени разлика.
Веројатно и никој не го очекуваше тоа да биде репризирано. И веројатно најмалку од се, некој се надеваше дека натпреварот може да го реши еден резервист.
Петре Цветков, испадна "џокер" на Струмица, случајно или не, сеедно. Младиот бек ја освои клучната топка за својата екипа. Во она апенал завршница во последната половина минута од средбата, токаоо Соколов го погоди прво, но не и второто слободно фрлање за (87:84), Цветков ја прибра топката, а потоа мирно на девет секунди пред крајот, погоди за (88:84).
Вториот "џокер" на Кадија беше Иван Бошњак. Се мачеше високито бек на Струмица во дефанзивните дуели со Мухамед Тачи. И гво голема мерка успеа да го сопира најдобрито стрелец на "металците" застана на 10 поени. Но кога требаше знаеше да одигра и офанзивно. особено во клучната последна четвртина.
Ос осум поени во серија, половина од нив од "отпадоци", српскиот бек ја сочува мирнотијата во играта на својата екипа, и тоа токму во едне голем налет на домашната екипа.
По неговото "положување" на 4:12 минути пред крајот шампионот дојде на плус 8 (76:68), кога се чинеше дека е скршен отпорот на "металците", истиот плус (78:70) струмичани го имаа и минута подоцна.
Но Слободан Агоч не помисли на предавање. Најискусниот играч на МЗТ ФОН Универзитет се бореше како вистински лав и не даде уште тогаш неговата екипа да ја потпише капитулацијата. Нанижа 10 поени во серија од крајните 21, кога "сино-белите" сериозно се доближија. Во последната минута, по тројката "од аголот" на капитенот Петровски се влезе само со плус 3 за гостинската екипа (79:82), кога беше најавен оној пенал-финиш.
По прекршокот (негов петти) во напад на Бошњак "се запали" уште еднаш "Јане Сандански". Кој друг, ако не Агоч, намали на (81:82) кога останаа да се доиграта 37. секунди. Но во нив Соколов и најдобриот играч на теренот, Диме Тасовски знаеја да останат мирни од линијата за слободни фрлања, со веќе опишаниот "подарок" кој го прибра Цветков и го претвори во голем триумф, вреден финале.
претходно, се беше на страната на Струмица, и играта и резултатот.
Се чини дека "зелено-белите" можеа порано да ги решат најголемиот дел од дилемите.
По релативно мирната прва четвртина, која успеаја да ја добијат со позитивни пет поени (21-16), струмичани се земаа во свои раце. откако нивниот тренер побара минута одмор, тргна нивните најдобри минути на средбата. Откако домаќинот намали на (26:27), струмичани преку Тасовски и Латовиќ отворија една долга серија, која застана на 16-3 во нивна корист и големи, високи плус 14 (43:29) во 18. минута од играта, кои домашната екипа со голем напор и желба ги преполови на (44:38) со кои се отиде на одмор.
Третиот период не донесе којзнае какви промени во играта. Уште еднаш Струмица побегна на плус 6 (51:45), но уште еднаш, силната воља на "металците" донесе ново изедначување. Овојпат за (54:54), а по дополнителното фрлање на Агоч и прва предност, по подолга пауза беше (55:54) за МЗТ ФОН Универзитет.
Но тројката на "отсутниот" Богоев, со тројка ја смири публиката и по 30. одиграни минути и даде нова предност на Стурмица (58:57).
Во последната играа по тројца играчи на двете страни. На Агоч и Петровски одлично се надополнуваше и Живковиќ. Од другата страна, откако "спои" две тројки, Тасовски доби дополнителна енергија. Добро следен од Бошњак, во финишот и Соколов, сето тоа беше доволно да се заврши работата уште во Скопје.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|