
|
 |
Спорт / Останати спортови
Остануваат само финеси
Осумчлената делегација на ЕХФ која во минатите три дена беше во посета на Македонија и во инспекција на двете сали во кои во декември ќе се игра Европското првенство во женска сениорска конкуренција, вчера заврши со својата мисија. Според она што можеше да се заклучи од изјавите на претставниците на ЕХФ, во минатиот период е завршен поголемиот дел од работите, па сега до почетокот на ЕП остануваат уште само ситници и финеси за да може во декември непречено да се одржат натпреварите.
"Се радувам што сум повторно во Македонија. Пријателството меѓу ЕХФ и РФМ кое трае со години само се продлабочува и продолжува во вистинска насока. Начелно сме задоволни од она што го видовме, но, сепак, останаа некои забелешки за детаљи кои ќе треба да се поправат во следниот период. Добив гаранција од градоначалникот на Охрид дека до 20 јули ќе биде средено с$ на коешто имавме забелешка, па до декември ќе продолжиме во вистински правец", изјави вчера на прес-конференцијата претседателот на Натпреварувачката комисија во ЕХФ, Јан Туик.
Вчерашниот ден беше искористен и за посета на новата сала во Скопје, "Борис Трајковски".
"Сликата која ја видовме во салата во Скопје е поинаква. Се работи за прекрасен спортски објект, кој веќе е речиси завршен. Сепак, по ова завршување ќе треба да има и добро раководење со истиот. Ние во многу од работите коишто ги видовме се согласивме, но имаше и работи за коишто имавме и забелешки. Тоа пред с$ се однесува за местата коишто се потребни за камерите. Не се предвидени доволно места, па со нивното правење би се загубиле околу 300 седишта. Тоа ќе мора да го средиме до декември и да биде сe во најдобар ред. На првенството во Норвешка имаше 22 до 25 камери. На некои други се работеше со десетина камери, па поведени од ова искуство јасно е дека се потребни овие платформи", коментираше Туик.
Сепак, од сето она што можеше да се слушне сосема е јасно дека во ЕХФ се задоволни од виденото, така што сега останува на нас да продолжиме во вистински правец и да се одработи потребното за да можеме во декември уште еднаш да се покажеме пред Европа и светот како одлични домаќини.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|