
|
 |
Спорт / Останати спортови
КУП НА МАКЕДОНИЈА Металург по вториот пехар на Вардар Викендов се очекува последната пресметка меѓу актуелниот и идниот шампион, Вардар и Металург. Вардар го брани трофејот освоен лани, Металург по шампионската сака да му ја одземе и титулата Куп победник на "црвено-црниот" тим.
КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПОЛУФИНАЛЕ
САБОТА, 17.05.2008
ВАРДАР ПРО - ПЕЛИСТЕР 18:00
Сала: "СРЦ Кале" во Скопје.
Судии: Сашо Кркачев и Христо Бошковски
Делегати: Неделко Неделковски и Камер Металари
САБОТА, 17.05.2008
МЕТАЛУРГ - ПРЕСПА 20:00
Сала: "СРЦ Кале" во Скопје.
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Делегати: Миле Најденовски и Јово Василев
НЕДЕЛА, 18:05.2008
ФИНАЛЕ 18:30
Сала: "СРЦ Кале" во Скопје. (ТВ пренос)
Судии: Ацо Николов и Ѓоко Колевски
Делегати: Драган Начевски и Марјан Начевски
Ракометната сезона во Македонија е во самиот финиш. Останува да се одигра уште едно коло, по кое ќе се дознае и патникот во понискиот ранг на натпреварување и финалниот викенд од Куп натпреварувањето.
Четирите во моментов најдобри екипи во Супер-лигата викендов во "Кале" ќе се обидат да стигнат до престижниот пехар од куп натпреварувањето. Фаворити има два, Вардар Про и Металург. Пелистер и Преспа ќе се појават во полуфиналето, со мали шанси да изненадат некој од фаворитите, доколку, сепак, им појде такво нешто од рака, тогаш ќе можат да се пофалат дека направиле вистинска сензација.
За Вардар пехарот во Купот би значел условно кажано "спас" на сезоната, откако го загубија шампионскиот пехар од најголемиот ривал, Металург.
За суперлигашот од "Автокоманда", пак, овој пехар би значел враќање со полна мерка за ланската сезона, во која Вардар му ги презеде двата пехари.
Вчера, организаторот на турнирот, Вадрар Про, организираше прес-конференција на која поканети беа сите четири екипи кои учествуваат на завршниот турнир.
Дојдоа претставници само од Вардар и од Металург. Иако најавени, на прес-конфренцијата не се појавија претставници од Пелистер и од Преспа.
"Купот на Македонија треба да биде празник на ракометот. Сите треба да заборавиме што побрзо што се случуваше на минатиот натпревар меѓу Вардар и Металург и да продолжиме напред. За полуфиналните натпревари влезот ќе биде слободен, за финалето влезен билет ќе чини 200 денари. ТВ пренос ќе има само од финалето, додека од полуфиналните натпревари ќе биде емитувана снимка", изјави претседателот на Вардар Про, Михајло Михајловски.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, ја одработи суспензијата од 4 натпревари која му беше изречена на претохдниот натпревар со Металург.
"Морам да истакнам една важна работа. На претходниот меч на теренот немаше инцидент меѓу играчите. Инцидентот се случи меѓу мене и еден од судиите. Јас изреагирав како што изреагирав и се извинив за целата ситуација.
Сакам да кажам дека играчите водеа фер борба. Така, сега, доколку некој очекува на теренот на види крв, тепање, сигурно ќе се разочара.
Тоа што од последните 4 натпревари три завршија нерешено, а единствената победа беше од еден разлика, доволно кажува дека екипите се крајно изедначени. Металург е во предност, тие веќе имаат една титула в џеб и тоа таа, која се вреднува повеќе, па сега сигурно ќе бидат понеоптоварени.
Што се однесува до Вардар, за нас е ова шанса колку толку да ја прогласиме сезоната за успешна", изјави Веселин Вујовиќ.
Младен Ракчевиќ, пикерот на Вардар, ги поддржа зборовите на тренерот.
"Нема многу што да се каже. Очекувам тежок натпревар како и сите досега меѓу овие две екипи. Ние сме подготвени и верувам дека на крајот ќе се радуваме и ќе успееме колку толку да се спасиме сезоната, по загубената шампионска титула", изјави Ракчевиќ.
Во Металург се нормално, релаксирани, пред натпреварот во Купот.
"Ние овој натпревар ќе го одиграме како и сите други со Вардар досега. На победа во фер игра. Одиме на двојна круна. Едниот пехар го освоивме, сега сакаме да го освиме и другиот", изјави директорот на клубот Левче Китевски.
Потпретседателот Филип Христов се надоврза на ова:
"Ние предвреме ги прогласивме финалистите. Навистина ми е жал што е вака. До пред некоја година не се знаеше ниту кој ќе стигне до полуфиналето, сега веќе однапред се знае и кои ќе бидат финалисти. Вардар и Металург се екипите кои во моментов се далеку напред. Пред две сезони ние освоиме две титули, лани Вардар. Сега ја вративме едната, шампионската, а за Купот... не би било штета кој и да победи. Двете екипи без сомнение го заслужуваат трофејот", изјави Филип Христов.
Натпреварите ќе се играат во сабота, финалето кое ќе биде директно пренесувано ќе се игра в недела.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|