
|
 |
Спорт / Останати спортови
Анен беше "најдобрата во својата генерација"
Тениската легенда Били-Џин Кинг вели дека пензионираната Жастин Анен треба да се смета за најдобрата тенисерка во модерниот тенис. Анен освои 41 титула во сингл (седум на гренд слем турнири), но ја заврши својата кариера на само 25 години во средата, по што следуваше бура реакции од светот на тенисот.
"Жастин беше најдобрата тенисерка на нејзината генерација", вели Кинг, додека една од главните ривалки на Белгијката, Серена Вилијамс додаде: "Таа беше голем шампион и навистина ме мачеше". Сестрата на Венус, Венус беше полна со добри зборови за карактерот на Анен и нејзиното одбивање на прифати пораз.
"Таа беше голем противник и вистински фајтер. Секогаш се предизвикуваше самата себеси да го игра најдобриот тенис без разлика на условите. Не ги знам причините и деталите за повлекувањето, но ако сама ја направила одлуката, тогаш тоа е најдобрата одлука за неа", вели Венус.
Марија Шарапова, која сега ќе го превземе првото место на ВТА листата од Анен вели дека ги сфаќа причините.
"Таа има 25 години и неверојатен успех во кариерата. И јас да имав 25 години и толку гренд слем титули можеби ќе одев во пензија. Без да биде најсилна и најголема таа има толку титули. Вистинска инспирација за мене. Има толку работи во животот и мислам дека сега сака да ги искуси тие", вели Шарапова.
Кинг вели дека Анен беше одличен амбасадор за спортот.
"Верувам дека оваа одлука не ја направи избрзано. Жастин е неверојатна тенисерка, посебна личност и вистински шампион на и надвор од теренот", вели Кинг.
Светската тенисерка број 3, Ана Ивановиќ, која загуби од Анен во финалето на Ролан Гарос, вели дека малата ѕвезда од Белгија донела свој стил во спортот.
"Тенисот изгуби голем шампион, кој остварил толку многу. Таа донесе многу во женскиот тенис. Жастин имаше најпосебна игра од сите на ВТА турнејата. Работеше напорно и лани имаше неверојатни резултати. Навистина ми е жал што си оди", вели Ивановиќ.
Сепак, повлекувањето на Анен повторно ја врати и дебатата за тоа дали тенискиот календар придонесува во раниот крај на тениските кариери на ѕвездите. Шарапова оваа недела ги обвини ВТА дека воопшто не се грижат за нивните потреби, откако ја примораа да оди на фото-сесија пред Италијанскиот Опен.
"Во последните години, тенисерките имаат задолжителни состаноци на ВТА, и секогаш се зборуваше за истите работи и истите проблеми, но никој не го послуша тоа", вели Русинката.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|