
|
 |
Спорт / Останати спортови
Македонските одбојкари поразени од Франција
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска со натпреварот против Франција, инаку домаќин на првиот турнир во градот Данкерк со убедлив пораз од 3:0 по сетови 25:20, 25:16, 29:27 го започна квалификацискиот циклус во групата Ц за пласман на Европското првенство 2009.
На стартот од турнирот нашите најдобри одбојкари се сретнаа со домашната селекција на Франција која ја оправда улогата на фаворит за освојување на првото место и директно учество на континенталниот шампионат.
Претходно, денеска во меч од нашата група Ц, Белорусија со 3:0 по сетови 25:21, 25:13, 25:18 ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Од преостанатите средби во групата Ц, утре играме со Белорусија, а в недела ни останува последниот дуел со БиХ.
Со истите противници „црвено-жолтите“ ќе играат како домаќини во Скопје на вториот турнир од 30 мај до 1 јуни.
Првопласираниот оди директно на завршницата, а вториот од групата ќе игра бараж.
Во квалификациите за ЕП 2009 има шест групи, од кои само шест екипи директно обезбедуваат пласман на завршницата, а три преку бараж.
Обезбедувањето плејоф би претставувал најголем успех во историјата на Македонија.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|