
|
 |
Спорт / Останати спортови
ОДИГРАНО ФИНАЛЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ КУП, ПЕХАРОТ ОСТАНУВА ВО "КАЛЕ" Вардар го одбрани Куп-трофејот Во петтата пресметка сезонава, екипата на Вардар успеја да го совлада Металург и го освои Купот на Македонија. За "црвено-црните" ова е седми триумф во Купот, за Металург трето загубено финале.
ВАРДАР - МЕТАЛУРГ 27:23 (15:9)
Сала: "Кале" во Скопје. Гледачи: 1500
Судии: Ацо Николовски и Ѓоко Колевски
Делегати: Драган Начевски и Марјан Начевски
Вардар:
Даскаловски -
Блажевиќ 9 одб, 1 сед
Ракчевиќ 3/6
Недановски 4/4
Пејовиќ 1/1
Радуловиќ 6/8
Јовиќ -
Прибак 6/10
Маркоски 3/8
Симовиќ 2/4
Спировски 0/1
Мојсоски 1/1
Алушевски 1/1
Вукадиновиќ -
Седмерци: 4/5
Исклу чувања: 6 мин.
Металург:
Стојиновиќ -
Ристовски 11 одб, 1 сед.
Живковиќ 3/6
Димовски 2/3
Лазаров 6/8
С. Стоилов -
Миркуловски 3/6
Шчепановиќ 2/3
Ѓоргоноски -
М. Стоилов -
Маљцев 5/7
Чантурија 2/4
Георгиевски -
Шмигиќ 0/5
Седмерци: 2/3
Исклучувања: 6 мин.
Вардар Про е победник на Националниот Куп на Македонија и следната сезона ќе ја претставува Македонија во КПК. Во финалето одиграно во полното Кале, Вардар не ја повтори грешката од претходните четири натпревари со Металург и во петтиот обид успеја да го совлада единствениот ривалн во националниот шампионат.
За Вардар ова е седми пехар во ова натпреварување и сега има две повеќе од најблискиот во оваа статистика Пелистер. За Металург ова е трето загубено финале, досега имаат еден триумф во Купот.
За Вардар овој меч беше да се биде или не за спас на сезоната, откако ја загуби шампионската титула. Максмално мотивирани и фокусирани излегоа на теренот "црвено-црните" ракометари и тоа им донесе резултат.
Металург, се задоволи со шампионскиот пехар, па беше далеку под нивото на кое играше на последните два меча со Вардар, односно безмалку на сите кои ги одигра во Купот на ЕХФ. Добар дел од тимот беше барем за класа под потребното ниво за да се совлада екипа како Вардар. Посебно видливо, можеби и решавачко за ваквиот расплет на финалниот меч беше играта на Иван Шмигиќ, еден од главните играчи во Металург.
Вардар на спротивната страна го имаше исклучително расположениот Немања Прибак, а покрај него се истакна и Радуловиќ и голманот Блажевиќ, токму во моментите кога беше најпотребно ги запиша своите одбрани.
По ред, настаните на теренот се одиваа вака:
Шест минути се играше израмнето и мечот наликуваше на нивната претходна пресметка. 3:2 водеше Металург, кога Вардар направи серија од 7:1, поведе со 6:3 и најави дека трофејот останува во негова сопственост.
Металург за момент се врати во игра, стигна до 6:4 и имаше шанса да го направи мечо повозбудлив, но премногу технички грешки, лош напад, а во одбраната поминуваа шутевите од 9 метри на бековите на Вардар,
Тоа ги одведе бранителите на трофејот во нова серија од 4:1 со која стигнаа до водство од 10:5. Резултат актуелен во 15 минута од натпреварот.
Со два гола по ред Металург успеја да намали, а во следните неколку акции во кои можеше да профитира се покажа Блажевиќ, кој ја прекина серијата на Металург, а Вардар ги одигра најдобрите минути на натпреварот. Следуваше серија од 5:0 и водство од 15:7 со што на Металург му се закануваше катастрофа слична на таа на нивниот прв натпревар сезонава одигран во "Автокоманда".
Но и Ристовски беше сосема солиден на голот на Металург, па на одмор се замина со резултат 15:9.
Интересно за овој дел е што Вујовиќ не ги пушти во игра крилата Алушевски и Јовиќ. Петковиќ на другата страна не го ни имаше во тимот Макалоски, а Шмигиќ не доби вистинска шанса да влезе во ритам.
Прибак и Маркоски за Вардар, Лазаров и Ристовски за Металург беа вредни за издвојување во овој дел.
Металург ја подобри за нијанса својата игра, во второто полувреме па се влезе во игра гол за гол, со тоа што предноста на Вардар се движеше некаде околу 5 гола. Со можност секој момент мечот да стане резултатски далеку поинтересен.
На Металург за тоа му требаа два гола во серија, но никако не можеа да се спуштат под границата на 4 разлика.
И кога имаа шанса и кога Вардар беше во "пад", играа брзоплето, на моменти безидејно и никако не можеа да фатат резултатски приклучок.
Времето одминуваше, а по 45 минута и резултатот 21:17, Вардар одново стигна до плус 6 (24:18). Во 57 минута беше 25:22, а Вардар успеја да постигне гол во решавачкиот напад, за водство од 26:22, по што веќе немаше ниту време, ниту пак имаше посебна игра Металург за да го загрози овој резултат.
На крајот кога ќе се подвлече црта под се, Вардар може да биде делумно задоволен од сезонските резултати. Делумно затоа што вистинската цел на тимот беше шампионскиот пехар и играње во Лигата на шампиони следната сезона. Тоа не му појде од рака, но затоа го освои Купот и тоа во директен дуел со идниот првак, Металург.
Металург, пак, може да биде целосно задоволен од триумфот во првенството. Евентуалниот триумф во Купот ќе беше "цреша на тортата", но нема по што да жали. Не одигра на вистинското ниво и тоа беше казнето.
Немања Прибак сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на турнирот, Борко Ристовски, исто така наполно заслужено за најдобар голман. Индивидуално признание доби и Влатко Тасевски за најдобар стрелец.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|