
|
 |
Спорт / Останати спортови
"ДОКТОРОТ" ПО НЕВЕРОЈАТЕН 90. ПАТ НА ПРВОТО МЕСТО НА ПОДИУМОТ Роси предводеше 1-2-3 на Јамаха во Франција
Валентино Роси стигна до доминантен триумф на Француското ГП во Ле Ман предводејќи 1-2-3 победа на Јамаха, со неверојатниот дебитант Хорхе Лоренцо на второто место и американскиот ветеран на Тех 3 Јамаха, Колин Едвардс на третото место.
Уште позначајно, ова е 90. ГП победа на Роси, со што се израмни на второто место на вечната листа Шпанецот Анхел Нието. Роси и 61-годишниот Нието го прославија успехот откако "Докторот" застана на победничкиот круг, Нието со "Браво Валентино 90" на грбот, скокна на М1 моторот на Роси и двајцата заедно влегоа во боксот, а Роси мафташе со знаме на кое пишуваше 90+90. Само италијанската икона Џакомо Агостини има повеќе победи од Роси, дури 122.
"Помина многу време откако победив на две трки по ред, но, по се изгледа, сега се вративме во вистинска позиција и во вистинско време. Тежок период за тимот, но сега сме многу силни. Ни требаат нови победи како оваа", вели Роси.
Роси, кој сега е лидер во генерален пласман, го презеде водството со својата Фиат Јамаха во 7. круг од трката од 28. круга од актуелниот шампион Кејси Стонер во Дукати и никој не му беше рамен до крајот на трката правејќи разлика и до 10 секунди од "човекот на трката", Лоренцо.
Шпанскиот дебитант Лоренцо падна на 10. место од петтото на стартот, но во 9.круг покажа што знае кога ги помина Џон Хопкинс (Кавасаки), Лорис Капироси (Сузуки) и Ники Хајден (Репсол Хонда). Потоа Лоренцо го помина Крис Вермејлен за петтото место во 15. круг, пет круга пред да го помине Едвардс на четвртото место и да почне да го предизвикува Стонер за третото. Кога Лоренцо направи потег да го помине Австралиецот, Стонер имаше механички проблем и на крајот заврши на разочарувачкото 15. место. Во истиот круг Лоренц го совлада својот најголем ривал Дани Педроза во Хонда за второто место.
"Сонот беше да завршам петти бидејќи имавме проблеми на тренинзите и мислев само на финиш. Сега морам да бидам среќен и да прославувам и да не мислам на болката", вели Лоренцо.
Шпанецот имаше сериозна повреда на двата скочни зглоба при пад на тренинг во Кина и сега веднаш откако се симна од мотоциклот мораше да седне, а на подиумот имаше столче за него.
РЕЗУЛТАТИ:
МОТО ГП
1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 44:30.799
2.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха +4.997
3.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха +6.805
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +10.157
5.Крис Вермејлен (Авс) - Ризрла Сузуки +21.762
250СС
1.Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 47:27.406
2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +4.816
3.Матија Пасини (Ита) - Априлија Поларис +4.998
4.Јуки Такахаши (Јап) - ЈиР Хонда +5.770
5.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ +6.197
125СС
1 .Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт 10:08.574
2.Бредли Смит (Бри) - Априлија Поларис +8.000
3.Никола Терол (Шпа) - Априлија Џек & Џонс +3.077
4.Пол Еспаргаро (Шпа) - Белсон Дерби +10.407
5.Андреа Јанонен (Ита) - ИЦ Тим +11.697
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
МОТО ГП
1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 97
2.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 94
3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 94
4.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 56
5.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха 47
250СС
1.Мика Калио (Фин)- Ред Бул КТМ 82
2.Матија Пасини (Ита) - Априлија Поларис 61
3.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот 49
4.Јуки Такахаши (Јап) - ЈиР Хонда 46
5.Хироши Аојама (Јап) - Ред Бул КТМ 44
125СС
1.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек & Џонс 59
2.Жоан Оливе (Шпа) - Белсон Дерби 50
3.Никола Терол (Шпа) - Апри Џек & Џонс 50
4.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт 49
5.Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Гас 48
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|