
|
 |
Спорт / Останати спортови
Давитков тренер на Снајфел
Дента кога беше избран за претседател на Здружението на кошаркарски тренери на Македонија, Јорданчо Давитков доби уште една работа.
Да биде нов шеф на стручниот штаб на екипата Снајфел од Рејкјавик.
Неколку медиуми од оваа далечна островска земја објавија дека поранешниот селектор на македонската репрезентација, како и на Фершпед Работнички, Никол Ферт, во оваа сезона и на Струмица потпишал едногодишен договор со екипата на Снајфел.
Според неофицијалните информации од оваа земја, целиот трансфер чини 15.000 евра.
Ако сето ова се официјализира, тоа ќе биде прва работа за Давитков како тренер надвор од Македонија.
Според оние штури информации кои доаѓаат од Исланд, се работи за доста квалитетна екипа. Снајфел е актуелен освојувач на Купот, а истовремено во штотуку завршениот шампионат на Исланд играла во финалето на плеј-офот, каде загубила од Кефлавик со максимални 3-0 во серијата.
Давитков треба да се појави на новото работно место во текот на август.
Со оглед на тоа дека ова важи за завршена работа, извесно е дека во најскор можен рок новоформираното Здружение на македонските кошаркарски тренери ќе бара и заменик за Давитков. Пред се затоа што е нереално да се очекува функционирање на толку далечно растојание со "базата".
Интересно е совпаѓањето на изборот на Давитков за претседател на Здружението, но и за нов тренер на овој исландски прволигаш.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|