
|
 |
Спорт / Останати спортови
Надал му се одмазди на Федерер, Јанковиќ сигурна
Рафаел Надал ќе го стартува Францускиот опен како главен фаворит откако ја освои својата 21. титула на земја со 7:5/6:7/6:4 победа над светскиот број 1 Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Хамбург. Со титулата Надал станува само третиот тенисер со сите три Мастерс титули на земја во кариерата, по Бразилецот Густаво Куертен и Чилеанецот Марсело Риос. На истиот терен каде што Федерер лани ја прекина рекордната серија победи на земја на Надал, Шпанецот овој пат ги искористи многуте грешки за да му ја превземе круната на швајцарската легенда.
Надал покажа дека е уморен по тричасовната битка во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ откако доби медицински третман на бутниот мускул во првиот сет, но на крајот ја заслужи победата на една недела пред стартот на Францускиот Опен.
Федерер изгледаше поопуштено на стартот откако веднаш направи брејк и поведе со 5:1 во првиот сет. Надал се врати за намалување на водството на 5:2, по што побара медицинска пауза. По паузата Надал играше одличен тенис и не му дозволи на Швајцарецот да освои ниту еден гем во првиот сет, добивајќи го за половина час.
Почетокот на вториот сет не навестуваше ништо добро за Федерер откако загуби брејк, но потоа се врати за водство од 5:3. Но, како и во првиот сет Федерер не ги искористи своите шанси и мораше да се бори во тајк-брејк, кој го доби со 7:3. Но, во третиот сет Надал не можеше да биде сопрен и го одмазди минатогодишниот пораз од Федерер.
ЈАНКОВИЌ ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА ОД РИМ
Тоа што не мораше да игра против Марија Шарапова беше одлично за Јелена Јанковиќ. Србинката ја освои својата втора титула по ред на 1.34 милиони $ вредниот Интернационални БНЛ Д'Италија турнир со 6:2/6:2 победа над најголемото изненадување на турнирот, Французинката Ализе Корне. Ова беше прва титула за Јанковиќ во 2008 откако играше во финалето во Мајами во април, а за победата доби 196.600$.
Јанковиќ стана втората тенисерка која ја одбраниле титулата во Рим, заедно со Амели Морезмо, која освои титули во 2004 и 2005. Шансите на Јанковиќ за втора титула по ред станаа одлични во саботата, кога 23-годишната Србинка не мораше да излезе на теренот, кога Марија Шарапова се повлече поради повреда.
Русинката Шарапова, која ќе стане светска тенисерка број 1, во понеделник по пензионирањето на Жастин Анен имаше 4-1 скор против Јанковиќ, иако двете тенисерки се немаа сретнато на земја.
Со еден ден одмор Јанковиќ беше подготвена за дуел со Корне, која го играше своето прво финале во кариерата откако со 3:6/6:4/6:3 ја совлада шестата носителка, Русинката Ана Чакветадзе. Јанковиќ ја искористи нервозата на 18-годишната Французинка правејќи четири брејка во првиот сет, за на крајот да заврши со 7 брејка од 9 шанси на патот до својата шеста титула во кариерата.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|