
|
 |
Спорт / Останати спортови
На "Мерцедес опен" со млади сили
По повод ИТФ фјучерсот "Мерцедес опен '08" вреден 10000 УСД, кој се одржува во Скопје, на терените на ТК "Југ" во Градскиот парк, Македонската тениска федерација (МТФ) одржа прес-конференција.
Тоа што го привлекува внимението секако е учеството на нашите тенисери.
Имено, Предраг Русевски и Лазар Магдинчев нема да настапуваат бидејќи ќе играат во Софија на челинџ турнирот вреден 50000 УСД.
Затоа, пак, главни ѕвезди кои ќе ги бранат боите на македонскиот тенис ќе бидат Илија Мартиноски, Томислав Јотовски, Шендрит Деари сите млади и перспективни тенисери, кои добија "вајлд карти", како и Димитар Грабулоски исто така со "вајлд карта" за кого беше речено дека ова му е последна шанса, по честите пехови со повредите кои го следеа, да се врати во тениските води.
Во однос на очекувањата Мартиноски најавува добар тенис, Јотовски се гледа како победник, додека Деари посакува пласман во финалето.
Сето тоа е возможно, но според ждрепката работата е тенка од причина што во 1. коло Мартиноски игра против Мариќ од БиХ (8. носител), Јотовски се среќава со Мектиќ (Хрв) 4. носител, додека Деари ќе игра против Хенле (Гер).
Во двојки ситуацијата е слична како и во сингл. Деари/ Мартиноски за први противници ги добија Гемохидис (Грц)/ Хенле (Гер) - 3 носители, а Јотовски (Мкд)/ Зекиќ (Срб) доколку го минат 1. коло веќе во второто би се сретнале со 4 носители Мектиќ/ Зовко (Хрв).
Зарем не можеше да биде малку поинаку!?
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|