четврток, 12.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

КИНЕСКАТА ЗВЕЗДА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА
Јао Минг ја промовираше Фондацијата

Не би бил толку голем колку што е ако тоа не го покаже и на дело.

Јао-Минг, најголемата кинеска кошаркарска ѕвезда, пред својата најголема публика, во Хјустон, ја промовираше својата “Јао Минг Фондација” преку која сака да им помогне на своите сонародници, жртви на катастрофалните земјотреси кои се случија во текот на минатиот месец.

“Нема зборови со кои може да се опише таа глетка, една тешка деструкција која се случи таму. Затоа сите мои напори ќе бидат насочени кон помошта во изградба на нови школи кои беа уништени во оваа трагедија. Се надевам дека и другите луѓе во светот ќе ми се придружат во овој мој обид”- кажа Јао Минг на прес-конференцијата во “Тојота Центарот” во Хјустон.

За почеток, Јао Минг ќе донира два милиони долари во овие хуманитарни цели. А веднаш по оваа донација, стигна и онаа од челниците на Хјустон Рокетс, изразена преку 100.000 долари.

На оваа акција на високиот Кинез веќе и се приклучија и повеќе НБА звезди како Стив Неш, Берон Дејвис, Грег Оден, Рејмонд Фелтон, Андрис Биедринс, Марко Јариќ и Маркус Вилијамс.

Во оваа тешка трагедија која се случи на 12. мај и тоа во областите Сечуан и Гансу, беа уништени преку 8.000 школски соби и 185 училишта.

БЕКОТ НА КЛИВЛЕНД НА ОПЕРАЦИЈА

Гибсон го “поправа” зглобот

Паузата во првенството за неговата екипа, Даниел Гибсон ја искористи за да направи операција на повредениот скочен зглоб на левата нога.

Дваесет и двегодишниот бек на Кливленд тоа успешно го направи со артроскопија која беше изведена од страна на познати хирурзи во неговиот роден град Хјустон.

Се најавува дека Гибсон, кој ја одигра втората година во НБА, ќе почне со рехабилитацијата во текот на наредната недела. Се очекува тој да биде подготвен за почетокот на тренинг кампот на Кавалирс во текот на октомври.

На 58. средби за Кливленд во минатата сезона, Гибсон дојде до просечни 10.4 поени, 2.3 скока и 2.5 асистенции. Во 11. плеј-оф натпревари за “коњаниците” беше под просекот, односно застана на просек од девет. поени, и не ги одигра последните две средби од полуфиналето со Бостон Селтикс.


Наjновo од Спорт
Јао Минг ја промовираше Фондацијата
Коби не се дава така лесно...
Мејси го менува Стак
Виља: Третиот гол за Торес
Возот под Ла Манш клучен за Надал
Ивановиќ нема да игра во Истбурн
Федерер и Надал со “удобен трансфер” на трева
Со умерен оптимизам за Рејкјавик
Хајден ги најде одговорите во Каталонија
Велес и Прилеп ја шират кошаркарската мапа
Мајк Кари е новиот тренер на Детроит
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи