сабота, 14.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

Бостон на чекор до титулата во НБА

Бостон Селтикс и покрај минусот од 24 поени во текот на првото полувреме успеа да го направи еден од најголемите пресврти во историјата на финалињата од плејофот, да победи со 97:91 и да поведе против Лејкерс со 3-1.

Пресвртот започна при водство на домашната екипа од 70-50. Следеше серија на Селтикс од 21-3 и одење на полувреме со минус два поени 73-71.

Во последната четвртина се водеше вистинска „рововска“ борба во која подобро се снајдоа „зелените“ од Бостон за кој неколку важни поени постигна Еди Хаус.

„Можам да ја намирисам титулата“, изјавил после натпреварот Кевин Гарнет.

Во победничкиот тим по обичај доминираше тројката Пирс, Гарнет и Ален. Пирс го заврши натпреварот со 20 поени, но и со одлична одбрана против Брајант, Ален уфрли 19 поени и девет скокови, додека Гарнет забележа 16 поени и 11 скокови. Освен оваа тројка се истакна и Џејмс Поузи со 18 поени.

Во поразениот тим најефикасен беше Ламар Одом со 19 поени, а потоа Гасол и Брајант со по 17 поени, со тоа што првата ѕвезда на Лејкерс забележа и 10 асистенции. Сепак Коби одигра под очекувањата, а причина за тоа беше силната одбрана на Селтикси.

„Одлучиле да не ми дозволат да играм. Секогаш кога ќе примев топка гледав три до четири тела околу себе“, истакнал Брајант.

Петтиот, можеби и последниот натпревар во оваа сезона, се игра во недела во Лос Анџелес. Селтикси до 17-тата титула ги дели само една победа, а досега ниту една екипа не успеала да го освои шампионскиот прстен со негатива од 3-1.


Наjновo од Спорт
Барса дава 40 милиони евра за Виља
Надал го “преживеа” Карловиќ, лекција за Хјуит
Сколари го презема Челзи
Кварезма: Потпишав за голем клуб
Буфон го остави во игра светскиот првак
Момент на вистината, за цела генерација!
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
Мозли не сака состанок со Берни, Рон Денис мисли на нова серија
Роблес го сруши рекордот на Лиу Ксијанг
Бостон на чекор до титулата во НБА
Јао Минг ја промовираше Фондацијата
Коби не се дава така лесно...
Мејси го менува Стак
Возот под Ла Манш клучен за Надал
Ивановиќ нема да игра во Истбурн
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи