вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

ВРЕМЕТО МИНУВА, А ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК НЕ СЕ СЛУЧУВА НИШТО ПОСЕБНО
Кометал сè уште на почетокот

Времето за реализација на квалитетни трансфери полека изминува, а од таборот на Кометал Ѓ. Петров нема информација дека нешто се сменило во последните две недели.

Уште “стои” информацијата дека клубот има контакти со играчи од странство, главно преку менаџери, но реализација, а тоа е единственото кое се брои, засега нема.

“Имаме контакти кои сè уште можат да се реализираат, но засега нема ништо ново. Нема нови моменти ниту околу играчите на кои им истекуваат договорите”, изјави претседателот на клубот, Иван Бојков.

Тања Андрејева веќе е на излезна врата. Откако пропаднаа првите преговори, Кометал почна да бара замена за неа овде, во Македонија во Кале Кичево и Кабран Амбалажа. Но, ниту за тие трансфери нема реализација.

Валентина Радуловиќ и Драгана Пецевска се играчите со кои сè уште се преговара.

“Прва варијанта за мене е да останам во Кометал. Но, договор сè уште немаме постигнато, а време има сè помалку. Ќе видиме што ќе се случи деновиве, ако се договориме околу финансиите, тогаш ќе останам овде. Но, ако нема договор, тогаш сигурно ќе заминам во странство”, изјави Пецевска, која со Кометал е обврзана со договор до август.

Кометал и оваа сезона остана директно во групите од Лигата на шампионите, иако бележи постојан пад на рејтингот, па од првиот шешир падна на третиот или последното скалило кое води директно во ЛШ. Уште една слаба сезона, веројатно ќе го врати назад во квалификациите, од каде воопшто не е едноставно да се дојде до место во група.

Р. Ѓ.



Легенда: Сè ќе се знае за неколку дена - Драгана Пецевска


Наjновo од Спорт
Кометал сè уште на почетокот
Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Роден да победува
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Росети ќе го суди финалето в недела
Гацов сè подалеку од Охрид
Катанец бил интересен и за Кроација Сесвете
Бостонски масакр за Лејкерс
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
Антиќ зема бугарски пасош
Девенпорт и се надева дека ќе биде на Вимблдон
Македонија во мундијалски транс
Се бара замена за Милевски
Лејкерси се “живи”, серијата назад во Бостон
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи