вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

СТАРТУВАШЕ НАЈСТАРИОТ И НАЈПРЕСТИЖНИОТ ТЕНИСКИ ТУРНИР НА СВЕТОТ - ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТОТ
Федерер во свој стил, Серена се заканува

Враќањето на неговиот омилен терен ја продолжи доминацијата на трева на Рожер Федерер, кој го стартуваше походот кон шестата последователна титула од Вимблдон со доминантна победа над својот поранешен партнер во двојки, Доминик Хрбати на сончевиот Централен Терен во Лондон. Оддржувајќи ја традицијата, Федерер ја имаше честа да го отвори турнирот на главнито стадион на 122. Вимблдон Шампионат. “Опремен” со џемперче во чест на турнирот, тој стигна до 6:3/6:2/6:2 победа за своја 60. победа по ред на трева и 35. последователна победа на Ол Ингланд Клубот.

“Играв добро. Ова беше добар меч против еден мој добар пријател. Бев доволно постојан, не морав да се оптоварувам со брејк топки. Добро е, но никогаш не е лесно да се отвори Централниот Терен”, вели Федерер.

Швајцарецот очигледно ја сака традицијата во Лондон, откако се појави во 13.00 часот на теренот со ретро-изглед - џемперче со четири копчиња и Ф на својот ревер. На минатите два турнири тој носеше бели јакни.

“Мислев дека две јакни се доволно и сега е потребно нешто поинаку. Мислам дека резултатот е убав. Прекрасно е да се излезе на Централниот Терен. Тревата е прекрасна и совршена и си мислиш дека ти си првиот кој ја газиш”, вели Федерер.

30-годишниот Хрбати го играше 12. Вимблдон и го имаше победено Федерер во нивите два предходни меѓусебни дуели во 2000 и 2004. Но, Словакот имаше операција на рамото минатата година и падна на 273. место на АТП листата и има две АТП победи оваа година.

“Тој кажа дека ова можеби е неговиот последен Вимблдон и беше емоционално. Добро беше да се подели добар меч со мој добар пријател”, вели Федерер, кој сега ќе игра со Швеѓанецот Робин Содерлинг, кој со 7:5/0:6/6:3/6:4 го совлада Американецот Кевин Ким.

Третиот носител и еден од кандидатите за титулата Новак Ѓоковиќ влезе во второто коло откако со 7:5/2:6/6:3/6:0 го совлада Германецот Михаел Берер. Србинот го доби тесниот прв сет, правејќи брејк на 6:5, по што загуби пет гема по ред во вториот сет, но шампионот од Австралискиот Опен веднаш ја врати контролата.

Поранешниот шампион Лејтон Хјуит мораше да се потруди за да го “скроти” Холанѓанецот Робин Хасе во своето деби на Вимблдон, и да дојде до 6:7/6:3/6:3/6:7/6:2 победа. Хјуит, шампионот од 2002 пропушти поголем дел од сезоната на земја и покажа знаци дека не е довоно физички подготвен против 21-годишниот Хасе.

ИВАНОВИЌ ЛЕСНО, СЕРЕНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА СЕСТРИТЕ ОСТАНУВААТ

Двократната шампионка Серена Вилијамс пак вели дека таа и нејзината постара сестра Венус, актуелната шампионка, планираат да се враќаат на Вимблдон во “следните декади” откако тесно го помина првото коло во понеделникот.

“Имаме уште декади за на Вимблдон и сакаме да го искористиме тоа”, смета Серена.

26-годишната Вилијамс со 7:5/6:3 ја совлада Естонката Каја Канепи, по што изјави дека најпознатите сестри во тенисот имаат што да кажат посебно на Вимблдон, каде што имаат шест титули.

“Јас правам се што прави Венус и се обидувам да го поправам тоа што таа го има направено. Но, тука сме долго време”, вели Серена, која е шеста носителка и сега ќе игра со Полјачката Урсула Радванска.

Светската тенисерка број 1 и шампионка од Ролан Гарос, Ана Ивановиќ немаше проблеми во првото коло, откако ја совлада парагвајската ветеранка Росана Де Лос Риос со 6:1/6:2.

“Играв доволно добро ако се смета дека ова е мојот прв меч на трева. Беше одлично да се вратиш на оваа подлога која е сосема нова за мене. Сега како прва носителка сите очекуваат јас да победам, и секако притсиокот е поголем. Но, јас сум истата личност, само со повеќе самодоверба”, вели 20-годишната Ивановиќ, која сега игра со Французинката Натали Деши.

Проблеми во првото коло имаа 4. носителка Светлана Кузнецова и нејзината сонародничка Ана Чакветадзе и им беа потребни три сета за да влезат во второто коло. Кузнецова, која има три четвртфиналиња на Вимблдон се врати за 6:7/7:5/6:3 победа над Французинката Матилде Јохансон, додека Чакветадзе имаше потешка задача пред со 2:6/6:1/8:6 да ја совлада Канаѓанката Стефани Дубоа.



ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

МАЖИ

(1) Федерер - Хрбати 6:3/6:2/6:2

(3) Ѓоковиќ - Берер 7:5/2:6/6:3/6:0

(5) Ферер - Стаховски

(7) Налбандиан - Данчевич

(10) Багдатис - Дарсис 6:3/6:2/6:7(5:7)/6:3

(11) Бердих - Королев 4:6/6:1/6:4/3:6/7:5

(13) Вавринка - Даниел

(15) Ф.Гонзалез - Џинепри 7:6(7:3)/7:5/7:5

Штадлер - (18) Карловиќ 4:6/7:6(7:4)/6:3/7:5

(20) Хјуит - Хасе 6:7(4:7)/6:3/6:3/6:7(1:7)/6:2

(21) Фереро - Квереј 2:6/6:4/6:4/6:4

(22) Вердаско - Колшрајбер 6:4/6:3/6:2

(29) Сепи - Камке 5:7/6:3/6:2/6:4

(31) Ф.Лопез - Дабул 7:6(7:1)/3:6/6:3/6:4

(32) Лодра - Анчиќ

Белучи - Куницин 7:6(7:5)/7:6(7:5)/3:6/6:2

Андреев - Ванек

О.Рошу - Села 6:4/7:5/6:4

Т.Јохансон - Спадеа 6:7(8:11)/6:7(5:7)/6:3/6:4/6:3

Жиквел - Нишикори 4:6/7:5 пред.

Сера - Лу 6:4/6:4/6:7(3:7)/6:3

Монтањес - Берлок 6:3/7:6(7:2)/6:4

Ханеску - Фаља 6:3/6:7(2:7)/6:0/6:4

Каранушиќ - Хорна 7:6(7:4)/6:3/6:1

Х.Т.Ли - Печнер

Болели - Богданович 7:6(7:4)/4:6/6:3/7:6(7:4)

Сафин - Фоњини

Рејнолдс - Воландри 6:2/6:2 пред.

Дел Потро - Снобел

Содерлинг - Ким 7:5/0:6/6:3/6:4

Зверев - Пеја 6:3/6:4/6:4

Бозољац - Гучионе 3:6/6:4/6:4/6:3

ЖЕНИ

(1) Ивановиќ - Де Лос Риос 6:1/6:2

(4) Кузнецова - Јохансон 6:7(5:7)/7:5/6:3

(6) С.Вилијамс - Канепи 7:5/6:3

(8) Чакветадзе - Дубоа 2:6/6:1/8:6

(11) Бартоли - Лисицки

Делаква - (12) Шнидер 6:4/3:6/6:1

(14) А.Радванска - Бенешова

(15) Шавај - Гарбин

Пављученкова - (17) Корне 7:6(8:6)/7:6(7:4)

(18) Ваидишова - Ондрашкова 6:2/6:2

Душевина - (19) Кириленко 6:3/6:3

(20) Скијавоне - Пашек

Родина - (27) Рацано 0:6/6:2/6:4

(28) А.Бондаренко - Саут

(29) Морезмо - Харклроуд

Жи -(30) Чибулкова 6:4/6:3

Стосур - Ралуча Олару 6:2/6:2

Веснина - Лагостера Вивес 6:7(6:8)/6:4/6:4

Пен - Захлавова Стрицова

Парментие - Аманмурадова 7:5/6:4

Јан - Медина Гаригес

Секвера - Руано Пасквал

Никулеску - Рибарикова

У.Радванска - Закопалова 6:1/6:4

Перебијнис - Квитова

Ли - Родионова 3:6/6:0/6:1

Галовиц - Мојсбургер 6:1/6:2

Балтача - Кербер 6:3/2:6/7:5

Деши - Јуан 6:7(7:9)/6:3/6:0

Матек - Бремон 5:7/6:0/6:1

Домаховска - Крејбас

К.Бондаренко - Фуџивара 1:6/6:4/6:3

МАЖИ - ДВОЈКИ

(3) Ерлих/Рам - Липски/Мартин

(12) Мело/Са - Елгин/Кудрјавцев

Хипенстил/Филипс - С.Хас/Хачинс

Типсаревиќ/Троицки - Леви/Томас 6:3/6:1/6:3

Буторац/Фишер - Алегро/Прието

ЖЕНИ - ДВОЈКИ

(6) Азаренка/Пеер - Храдецка/Ворачова 7:5/6:4

Јанс/Југиќ-Салкиќ - Галиксон/Ухлирова





(АКО НЕМА МЕСТО СКРАТЕТЕ ДО 10)

АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Рожер Федерер (Шва) 6.900

2.(-) Рафаел Надал (Шпа) 5.755

3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 5.360

4.(-) Николај Давиденко (Рус) 3.115

5.(-) Давид Ферер (Шпа) 3.005

6.(-) Енди Родик (САД) 2.280

7.(-) Давид Налбандиан (Арг) 2.100

8.(-) Џејмс Блејк (САД) 2.015

9.(+1) Станислас Вавринка (Шва) 1.615

10.(-1) Ришар Гаске (Фра) 1.610

11.(-) Енди Мареј (Бри) 1.555

12.(-) Николас Алмагро (Шпа) 1.485

13.(-) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 1.415

14.(-) Фернандо Гонзалез (Чил) 1.405

15.(-) Радек Штепанек (Чеш) 1.360

16.(-) Пол-Анри Матју (Фра) 1.345

17.(-) Михаил Јужни (Рус) 1.305

18.(+3) Фернандо Вердаско (Шпа) 1.300

19.(-1) Томи Робредо (Шпа) 1.300

20.(-1) Томаш Бердих (Чеш) 1.290

ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Ана Ивановиќ (Срб) 4.188

2.(+1) Марија Шарапова (Рус) 3.706

3.(-1) Јелена Јанковиќ (Срб) 3.685

4.(-) Светлана Кузнецова (Рус) 3.565

5.(-) Елена Дементиева (Рус) 2.745

6.(-) Серена Вилијамс (САД) 2.676

7.(-) Венус Вилијамс (САД) 2.606

8.(-) Ана Чакветадзе (Рус) 2.436

9.(-) Динара Сафина (Рус) 2.257

10.(+1) Марион Бартоли (Фра) 2.030

11.(+3) Агниешка Радванска (Пол) 2.011

12.(-2) Даниела Хантухова (Свк) 2.007

13.(-1) Пати Шнидер (Шва) 1.940

14.(-1) Вера Звонарева (Рус) 1.912

15.(-) Агнес Шавај (Унг) 1.645

16.(-) Викторија Азаренка (Блр) 1.386

17.(-) Ализе Корне (Фра) 1.248

18.(+4) Надја Петрова (Рус) 1.211

19.(-) Марија Кириленко (Рус) 1.208

20.(-) Франческа Скијавоне (Ита) 1.201



ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Гаел Монфис, полуфиналистот од Ролан Гарос се повлече од Вимблдон поради повреда на рамото. 26-рангираниот Французин се повлече пред дуелот со Австралиецот Крис Гучионе и е заменет со Србинот Илија Бозољац. “Тажен сум, но ова е вистинската одлука. Имам запаление на рамото и мал скинат мускул. Се обидов да сервирам и не ми одеше и решив да не играм”, вели 20-годишниот Монфис, кој можеше да игра со Рожер Федерер во третото коло.



Специјалистот за игра во двојки, Швеѓанецот Јонас Бјоркман објави дека ќе се пензионира од професионалниот тенис на крајот на сезоната. “Размислував за мојата кариера и решив ова да е мојот последен Вимблдон. Имав среќа што добив долга и успешна кариера. Оваа година одам на Олимпијадата и би било фантастично да освојам медал за Шведска. Имам 36 години и време е за нови работи”, вели Бјоркман, кој имаше најдобар рејтинг на четвртото место во сингл, а пред две години загуби во полуфиналето на Вимблдон од Рожер Федерер. Тој има девет гренд слем титули во двојки и Дејвис Куп титула со Шведска.



Организаторите на Вимблдон Шампионатот се фокусираат на азискиот пазар, отворајќи специјални продавници во Кина и Индија. 34 продавници имаат на понуда специјална опрема од Вимблдон низ 14 града во Кина, додека во Индија има дури и специјална ограничена понуда на 10.000 скутери. “Азија е најголемиот пазар на светот и ќе биде уште поголем. Азијците сакаат брендови и трошат пари на луксуз наместо на нивните домови. Плус има огромна средна класа во сите градови”, вели маркетинг директорот на Вимблдон, Роберт Меккауен.


Наjновo од Спорт
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Роден да победува
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Росети ќе го суди финалето в недела
Гацов сè подалеку од Охрид
Бостонски масакр за Лејкерс
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
Антиќ зема бугарски пасош
Девенпорт и се надева дека ќе биде на Вимблдон
Македонија во мундијалски транс
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи