вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

АВСТРАЛИЕЦОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА БРИТАНСКАТА ПУБЛИКА
Стонер против публиката во Донингтон

Кејси Стонер инсистира дека реакцијата на британската публика по неговата Мото ГП победа во Донингтон Парк нема да влијае во потерата по одбраната на титулата. 22-годишниот Австралиец беше исвиркан од подиумот по неговата доминантна победа, што беше сосема различно од врисоците за поддршка кој ги доби второпласираниот Валентино Роси.

Актуелниот светски шампион се пресели во Британија како 14-годишник и помина две години во Британскиот 125сс шампионат, но не успеа да добие иста поддршка како харизматичниот “Доктор” Роси.


“Не, тоа нема да влијае на мене воопшто. Го имаше истото кога победив и минатата година. На победничкиот круг добив доста свирежи. Што сакаат луѓето? Дали тие се воопшто тука за да гледаат тркање или да врескаат по луѓе? Тоа не е начин на кој треба да се однесуваш на патека, но нема да ме спречи да победувам. Добро е да се види голема публика секаде каде што одиме, но не поради погрешни причини како тука”, вели Стонер.

И покрај доминантниот триумф во Британија, возачот на Дукати не смета дека е конкурент на титулата. Момчето од Кури Кури, Австралија имаше лоша серија трки по победата во Катар на стартот на сезоната, и сега заостанува 45 поени зад Валентино Роси и 34 поени од второпласираниот Дани Педроза на Хонда, разлика за која тој вели дека е преголема.

“Не сме вистински во позиција да се грижиме за шампионатот. Тоа е за Дани и Валентино да се грижат, не за мене. Можеби на крајот на сезоната ако освоиме доволно поени ќе бидеме во таква ситуација”, вели Стонер.

Но, самиот Роси верува дека перформансите во Британија на Стонер покажуваат дека не може а да не биде сметан за закана за титулата, а Јамаха мора да се потруди за да се спречи походот на Дукати.

“Шампионатот е многу долг, и Кејси сега сигурно не е надвор од игра. Знаеме дека мораме да бидеме силни. Имаме доста подиуми, добри трки и три победи, но мораме да бидеме подобри”, вели Роси.

Роси, Педроза и Стонер се на првите три места на подиумот на последните три трки и Стонер смета дека е многу тешко да се надополни негативата.

“Во моментов, кога ние тројцата сме постојано на подиумот, многу е тешко да се направи предност дури и кога ќе победиш. Ќе има менување на поените, но не многу промена. Би сакал да имам вакви трки, но ќе видкме што ќе се случи”, вели Стонер.

***

Капироси изненаден од слабата форма на Меландри

Лорис Капироси вели дека е изненаден од тоа колку слабо Марко Меландри вози откако го замени во Дукати. Актуелните шампиони Дукати се разделија со Капироси во 2007 по пет сезони и го донесоа Меландри од Гресини Хонда. Капироси не можеше да ја достигне брзината на Кејси Стонер и да се навикне на 800сс верзијата на Дукати во 2007, но Меландри оваа година е уште подалеку, со четвртото место во Кина како единствен конкурентен резултат.

“Тешка сезона за коментирање бидејќи Дукати 100% го сакаа Марко и тоа беше јасно, но тој не ги носи резултатите кои сите ги очекуваа, посебно тој. Не мислам дека некој очекуваше вакви резултати, но очигледно тој не успеа да се навикне на мотоциклот”, вели Капироси.

Британското ГП беше нова ниска точка за Меландри откако се квалификуваше во последниот ред и трката ја заврши на 16. место, речиси со цел круг заостанување зад Стонер, а исто така за малку ќе се удреше со Алекс Де Анџелис, човекот кој го замени во Гресини. По трката шефот на Дукати Ливио Супо изјави дека е изненаден од слабата форма на Меландри.

“На едната страна од гаражата сме пресреќни бидејќи Кејси покажа дека може да победува, но Марко повторно имаше тешка трка. Тој не успеа да ги има ниту круговите кои ги имаше на тренингот од 1:29, туку возеше околу 1:32. Не знаеме што се случува. Дури и Тони Елиас и Силван Жинтоли од Д'Антин тимот имаа подобри времиња од него”, заклучува Супо.

Меландри во Донингтон призна дека можеби најдоброто решение е да си замине од Дукати и Капироси смета дека тој очекува да биде заменет. “Марко мисли на иднината далеку од црвената боја”, додава Капироси.


Наjновo од Спорт
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Роден да победува
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Росети ќе го суди финалето в недела
Гацов сè подалеку од Охрид
Бостонски масакр за Лејкерс
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
Антиќ зема бугарски пасош
Девенпорт и се надева дека ќе биде на Вимблдон
Македонија во мундијалски транс
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи